Пипа Мидлтон (36), сестрата на војвотката Кејт Мидлтон (38) многу пати се нашла во ситуација кога ќе излезе на прошетка или со својот син Артур (1) да ја следат папараците. Со цел да го сокрие својот идентитет таа сега повикала такси под лажно име, пишува „IB Times“.
Пипа не се возела далеку, но кога го повикала таксито се претставила како својата братучетка Луси Мидлтон. Меѓутоа нејзиниот лик ја издал. Не му било потребно многу време на возачот за да ја разоткрие.
Таксистот целата приказна ја раскажал за британските медиуми. Тој кажал дека Пипа го повикала на телефон за да провери до каде е, а кога тој пристигнал на местото, таа се криела во мракот.
Таксистот кажал дека целата ситуација му била сомнителна и токму затоа го „изгуглал“ името Луси Мидлтон, а покрај неа на слики ја видел и Пипа Мидлтон и веднаш сфатил дека станувало збор за неа.