7.8 C
Скопје
19:44 - 30 март, 2026

ПЕСКОВ: По Полска и Бугарија, и други европски земји можат да ги видат славините за гас затворени

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека барањето на Русија купувањето на руски гас да се префрли на плаќања во рубљи е резултат на западните санкции, поточно на замрзнувањето на рускиот имот.

Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, изјави за новинарите дека Западот всушност го „украл“ тој имот од Русија во „непријателска акција без преседан“.

Тој предупреди дека другите европски купувачи на руски гас може да ги видат славините затворени доколку одбијат да платат за гас во рубљи до крајниот рок.

Песков рече дека одбивањето да се префрли на плаќања во рубља ја одразува желбата на Западот „по секоја цена да ја казни Русија, на штета на сопствените потрошувачи, даночни обврзници и производители“.

Тој ги отфрли тврдењата на ЕУ дека прекинот на испораките на гас за Бугарија и Полска е уцена, инсистирајќи дека „Русија останува сигурен снабдувач со енергетски ресурси“ и дека ги почитува своите договорни обврски.

Песков додаде и дека барањето за плаќање во рубљи е чисто техничко и не ја менува цената или другите услови од договорот за клиентите, пренесува данас.рс.

Слични објави

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.
Се вчитува....