23:16 - 10 ноември, 2026

(ФОТО) ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША СЕ ПОФАЛИ со НОВИОТ НАКИТ во ВРЕДНОСТ од 30.000 ЕВРА: Пејачката ужива во Турција во луксузен хотел!

Позната пејачка Јелена Карлеуша отпатува за Турција, а на својот инстаграм – профил се пофали со кадри од луксузниот хотел во кој е сместена.

Јелена прво се пофали од тоа што го добила од вработените во хотелот кој има пет ѕвезди, а потоа медиумите веднаш истражија колку чини една ноќ таму.

Фото: Принтскрин / Instagram

Имено ноќ во истиот хотел е вистинско богатство и чини 700 евра.

Фото: Принтскрин / Instagram

За време на патувањето со својот приватен авион Карлеуша се пофали со своите нови модни аксесоари.

Познато е дека Карлеуша е љубител на часовниците Ролекс и дека ги има неколку, а овој пат го покажа својот нов омилен часовник од оваа луксузна марка.

Фото: Принтскрин / Instagram

Станува збор за моделот „Ролекс Президент 279165“, кој на официјалната веб-страница чини околу 25.719 долари или 24.123 евра.

Покрај луксузниот часовник на раката на Јелена ја заблеска и нараквицата од луксузниот моден бренд  „Картие“ вредна 5.000 евра.

Фото: Принтскрин / Instagram

На својата рака, позната поп пејачка носи модни детали во вкупна вредност од речиси 30.000 евра.

Набргу потоа сподели видео од хотелот каде ужива и каде ноќевањето исто така е „ситница“

 

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....