01:07 - 11 ноември, 2026

Меган Фокс му чита на синот приказни напишани од трансродови деца, ЕВЕ ЗОШТО

Меган Фокс рече дека купила книги напишани од трансродови деца за нејзиниот деветгодишен син Ноа. Причината?

Видела дека малиот почнал да носи фустани на две години, како што пишува британскиот Гламур во интервјуто со глумицата.

Така, Меган сакала да му помогне на детето да ги дефинира своите потреби, читајќи му книги  напишани од трансродови деца, за да го научи дека може да носи каков сака фустан и дека „ова нема никаква врска со нечија сексуалност“.

Актерката има уште две деца (Боди и Џорни, 8 и 5 години), родени од бракот со Брајан Остин Грин и ги едуцирала уште од мали нозе, разговарајќи со нив за полот и идентитетот. А за да ја заштити нивната слобода, глумицата не споделува слики од децата на социјалните мрежи.

Момчето Ноа веќе се соочило со дискриминација од соучениците, иако актерката за него избрала „либерално и хипи училиште“.

Меган објаснува дека Ноа го има секогаш подготвениот одговор: „Кога ќе влезам во училницата – велел Ноа– сите момчиња почнуваат да се смеат, но не ми е грижа, бидејќи премногу сакам облека“.

35-годишната актерка, моментално свршена со Машин Ган Кели, не ги криела тешкотиите на ситуацијата низ која поминувала, но сега таа го поддржува синчето во изборот на облека.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....