9.8 C
Скопје
14:43 - 31 март, 2026

Партнерката на Кијану Ривс отворено за љубовта со актерот: „Се чувствувам самоуверено на црвениот тепих“

Уметницата Александра Грант во разговор за „Пипл“ отворено признава дека нејзиниот партнер Кијану Ривс секогаш ја турка кон реализација на нешто ново и секогаш ја инспирира.

„Она што го сакам кај Кијану е тоа што се туркаме еден со друг по нови патишта. Гледајќи ја другата личност како решава одреден проблем е инспиративно. Тој ми е најголема инспирација. Тој е толку креативен, толку љубезен. Работи толку напорно“, рече Грант.

Грант додава дека ѝ е драго што ѝ се сучила романса со Кијану Ривс во зрелоста. Грант објасни дека на 50-годишна возраст веќе изградила кариера, па се чувствува сигурна на црвениот тепих дури и кога е  без актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mica Pavan (@micapavan7)

Уметницата признава дека понекогаш доживува силно чувство на фрустрација кога ѝ недостасува инспирација. Во такви моменти, Грант се споредува со Масерати заглавен во сообраќај.

„Понекогаш се чувствувам како Масерати заглавен во сообраќаен метеж: имам голем мотор, но од различни причини едноставно не можам да се движам. И знам дека многу луѓе во нивните животи доживуваат разочарување од фактот што не можат да го запалат моторот“, истакна уметницата за „Пипл“.

 

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....