11:45 - 4 април, 2026

Паника поради корона: Северина ја дезинфицираше целата вила на Кеба (ВИДЕО)

Северина Којиќ (47) деновите ги поминува во Белград во семејната вила на сопругот Игор Којиќ (32). Со нив во домашна изолација се и неговите родители Драган Којиќ Кеба (59) и Оља. Вилата од 330 квадрати е сместена во елитниот дел на Бежанијска коса, а први соседи им се Лепа Брена (59) и директорот на Гранд продукција Саша Поповиќ (65).

Последните неколку месеци пандемијата од коронавирусот го „парализираше“ цел свет, па така и семејството Којиќ.

Instagram

Пејачката како што велат, се спремила со магичната крпа и низ куќата ги дезинфицирала сите критични места како прекинувач за светло и рачките на домаќинските елементи.

Со видео на Инстаграм се пофали нејзината свекрва Оља и коментираше: „Снаа во добата на корона“. Многумина од нејзините пријатели приметија дека Игор само лежи на каучот и гледа ТВ додека неговата сопруга чисти, на што свекрвата одговори „Љуби га мајка“.

View this post on Instagram

Seve čisti u Kebinoj vili #severina #srbijavip

A post shared by Srb VIP (@srbija.v.i.p) on

„Кој рече дека снаата не евредна? Ама ајде“, рече гордо Кеба во видеото, на што Северина само се насмеа.

Пејачката во саботата со Кеба имаше лајв концерт на Инстаграм. Изведоа неколку хитови, а за крајот Северина им порача на сите да се чуваат и останат дома.

Instagram

„Ве молам носете маски и ракавици, не излегувајте од своите домови. Има повеќе време сега за вашите блиски. Јас сум во кругот на своето семејство. Да ги нема нив, јас не знам како ќе го изведев сето ова“, заклучи Северина.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.
Се вчитува....