13.8 C
Скопје
10:59 - 10 март, 2026

Падна одлука: Сопругата на Саша Поповиќ ги продава неговите автомобили вредни 200.000 евра

Сузана Јовановиќ одлучила да продаде два луксузни автомобили на нејзиниот покоен сопруг Саша Поповиќ, а двете возила што ги користи ќе ги задржи, дознава српски „Курир“.

Вдовицата на починатиот креативен директор на продукција „Гранд“ им се доверила на пријателите дека овие автомобили многу ја потсетуваат на Саша и дека прво ќе се ослободи од нив откако ќе заврши наследното рочиште кое неа и нејзиното семејство ги чека за неколку месеци.

– Сузана се уште не може да ја преболи тагата поради Саша. Во куќата на Бежанијска коса сè ја потсетува на него и многу ѝ е тешко. Таа е особено скршена кога ги гледа автомобилите на Сале, кои тој ги обожаваше и за кои никогаш не штедел пари. Затоа пред неколку дена ја донела конечната одлука дека, кога ќе заврши оставинската постапка, првото нешто што ќе го направи е да продаде два електрични автомобили БМВ чија вкупна вредност била околу 200.000 долари. Не ѝ требаат тие возила, а ќе ги задржи само црниот џип Мерцедес и Смарт, кои најмногу ги вози и се најпрактични кога доаѓа до град и ги завршува секојдневните работи. Кон крајот на животот, Саша вратил дел од своите автомобили во автосалонот, од каде што претходно ги земал и ги возел низ градот. Заинтересирани има веќе подолго време, има голем интерес за овие возила. Да можеше, утре би ги продала, но мора да почека да заврши рочиштето за наследството-  изјавила пријателката на Сузана, која е запознаена со целата приказна.

Инаку, Поповиќ споменатите возила ги купил во 2021 година. На овој потег се одлучил затоа што често патувал во Опатија, па многу поевтино му било да вози на струја отколку да троши пари за гориво. Еден автомобил бил постојано достапен во Белград за неговото семејство, неговата сопруга Снежана, ќерката Александра и синот Даниел, додека другите возила ги користел само Саша за патувања во Опатија.

Слични објави

Синот на Брена „летал“ со повеќе од 300 километри на час, па се пофали на социјалните мрежи

E.A.

Љубовта умре но нова пак ќе се роди: Емотивна приказна на Елена Велевска

msp-admin

Рушка Јакиќ и Вања Булиќ проговорија за „вонбрачното дете“: „Веднаш ја повикав неговата сопруга“

E.A.

Бресквица се огласи по тврдењето дека Лука Дончиќ се разведува поради неа: „Јас сум виновна за сè?“

Еспресо

Дарко Лазиќ конечно „избега“ од Малдиви, но доби лоши вести по 11-часовниот лет: „Ми се смачи одморот“

Еспресо

Хороскоп за 10 март: Биковите ги очекува успех во работата, Вагите ќе се впуштат во авантура

apostolova
Се вчитува....