-2.2 C
Скопје
23:14 - 21 ноември, 2024

Овие дами го срушија интернетот: Најдраматичните објави за бременост на славните! (ФОТО)

Поголемиот број на жени кога ќе дознаат дека се бремени им се јавуваат на своите сакани или објавуваат нешто слатко на Фејсбук, за да ја кажат среќната вест. Но, познатите дами не прават така.

Последните неколку години тие престанаа да ги известуваат таблоидите за својата состојба и започнаа самите да објавуваат дека се бремени на многу чудни начини, пишува CNN.

Еве ги седумте најдраматични објави за бременост на славните:

1. Кети Пери

Кети Пери и Орландо Блум го чекаат своето прво дете, а пејачката тоа го објави во најновиот видео-спот. Во видеото за „Never Worn White“, Кети носи бел фустан и го милува својот труднички стомак.

„Види нè за 60 години со полно семејно стебло“, пее таа во еден од стиховите на песната.

Пејачката исто така на урнебесен начин ја потврди бременоста на Инстаграм во живо, кога ја сврте камерата кон својот стомак и вресна: „Па, мислам дека тоа е тоа“.

2. Карди Би

Карди Би на оргинален начин ја објави својата бременост во епизода на „Saturday Night Live“ во април 2018 година. Таа го сокри својот труднички стомак за време на изведбата на првата песна таа вечер, но драматично го откри во втората додека ја пееше „Be Careful“.

Камерата ја „улови“ после изведбата на песната како извикува „Конечно сум слободна!“.

3. Бијонсе

Бијонсе ја најави својата бременост на единствен начин – со секси фотографија.

Во февруари 2017 година, суперѕвездата на Инстаграм објави трудничка фотографија за да ја сподели среќната вест.

„Би сакале да ја споделиме нашата љубов и среќа. Два пати сме благословени. Неверојатно благодарни сме што нашето семејство ќе се прошири со близнаци и се заблагодаруваме на убавите желби. Картерови“, напиша таа покрај фотографијата.

Profimedia

Подоцна таа година Бијонсе објави слична фотографија на која е прикажана во густо набран виолетов фустан, со син вел, како во рака ги држи своите две бебиња пред цветната лулка.

4. Кајли Џенер

Отако повеќе месеци не се огласуваше и не реагираше на гласините дека е бремена, Кајли Џенер во февруари 2018 година откри дека роди девојче.

Таа и раперот Травис Скот го објавија тоа со емотивно видео насловено „To Our Daughter“, со кое ги покажаа најинтимните детали од нејзиниот живот за тие прекрасни 9 месеци.

Кајли исто така им се извини на своите фанови што ги „држеше во мрак“ и ја опиша бременоста како „најубавото осознавачко искуство кое го менува животот“.

5. Циара

Доколку некој знае како бременоста изгледа фотогенично, тоа е Циара.

Пејачката на 30 јануари на Инстаграм објави дека таа и нејзиниот сопруг, напаѓачот во НФЛ Расел Вилсон, очекуваат уште едно бебе.

Таа објави фотографија од себеси на островот Теркс и Кејкос, на која се гледа нејзиниот голем труднички стомак.

View this post on Instagram

Number 3. ?: @DangeRussWilson

A post shared by Ciara (@ciara) on

„Број 3“, напиша таа покрај фотографијата.

6. Ејми Шумер

Не се само пејачките тие кои драматично ја објавуваат веста за својата бременост.

Во октомври 2018 година, Ејми Шумер на Инстаграм објави фото-монтажа на која се телата на Меган Маркл и принцот Хари, само додавајќи ги главите од неа и нејзиниот сопруг Крис Фишер.

7. Грајмс

Секако дека Грајмс ја објави својата бременост со футуристичка фотографија. Кога прв пат ја објави својата слика со холограмска рефлексија на бебе во стомак, фановите не беа сигурни дали се шегува или е сериозна.

Канадската пејачка подоцна ја потврди бременоста и изјави дека поминува низ тежок период.

Слични објави

Поранешна помошничка на Лепа Брена откри каква е пејачката приватно: Eдна работа никогаш нема да ѝ ја заборави

Еспресо

(Фото) Босански пејач доживеа сообраќајна несреќа во центарот на Белград! Автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

(Фото+видео) Неда Украден подготвена за куќната слава, пејачката виткаше сарма со внуката

Еспресо

(Фото) Тело како на божица! Наташа Беквалац во проѕирен тил ги покажа градите и рамниот стомак

Еспресо

(ФОТО) Дарко Лазиќ и Катарина ја крстија ќерката: Малата Срна е преслатка во бел фустан со панделка на глава

Еспресо

(Фото) Анастасија Гудељ засукала ракави и направила пита: Рецептот се подготвува брзо и лесно

Еспресо
Се вчитува....