Србинката Јелена Тодоровиќ ја доби престижната титула – најубава кошаркарка во светот, на тој начин симнувајќи ја од тронот Хрватката Антонија Мишура, која досега важеше за најзгодна помеѓу кошаркарките на светско ниво.
Вистински доказ за убавината и уникатниот стил на Тодоровиќ е и фактот дека во 2016 година, српската убавица беше прогласена за Мис универзум во Австралија.
Тодоровиќ во Австралија го помина речиси целиот свој досегашен живот, но одлучи да се врати во Белград и да го продолжи своето школување, а меѓу другото играше и за екипата на Црвена Ѕвезда.