4.8 C
Скопје
00:03 - 14 март, 2026

„Ова ќе биде последната сезона на ‘Ѕвездите на Гранд’“: Пејачот шокираше: „Со Саша Поповиќ, заминува и натпреварувањето“

За иднината на српското музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ по смртта на Саша Поповиќ се зборува со недели, а сега пејачот Амел Ќеман Ќемо го искажа своето мислење, пишува српски „Блиц“.

Ќемо откри дека двапати се пријавил на аудицијата за „Ѕвездите на Гранд“, но ниту еднаш не поминал.

– Како што Тито почина, па ја понесе Југославија со себе, мислам дека тоа е случај и со Саша Поповиќ и „Ѕвездите на Гранд“, не затоа што таму нема стручни луѓе, туку едноставно затоа што го нема тој чекан што ќе ја забие последната шајка. Мислам дека, со заминувањето на Поповиќ, ова ќе биде последната сезона на „Ѕвездите на Гранд“. Никогаш не бев дел од „Гранд продукција“, но тој беше човек којшто имаше почит. Можеше да го сакаш или не, но навистина ја заслужуваше таа почит – рекол Ќемо и додал:

– Тој создаде една музичка ера. Веројатно ќе се појави некое друго натпреварување, но не мислам дека ќе се појави нешто подобро. Кога „Гранд шоу“ се емитуваше во петок навечер, ние веќе во саботата ги пеевме песните кои беа изведувани во петокот и тоа се знаеше дека ќе бидат хитови. Денес, натпреварот е всушност риалити на жирито, таму нема фокус на пејачите – рекол тој.

Инаку, уште една сезона од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ завршува, а веќе има шпекулации каде ќе се емитува од следната сезона.

Како што е наведено, челниците на „Гранд“ се во преговори со Јавниот сервис на Србија, а ниту можноста да останат во Пинк во овој момент не е исклучена.

 

 

 

 

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....