22:59 - 1 ноември, 2026

Славица Ќуктераш поминала низ вистински пекол со поранешниот сопруг, а сега конечно се смириле

Српската пејачка Славица Ќуктераш и нејзиниот поранешен сопруг Владо Аврамов ги решија сите несогласувања околу старателството над детето и сега се во добри односи.

Славица Ќуктераш своевремено зборуваше дека поминала низ вистински пекол, борејќи се за старателството над ќерката Викторија со својот поранешен сопруг Владо Аврамов, од кого се разведе во 2019 година.

Поранешните сопружници успеале да ги закопаат воените секири заради среќата на Викторија.

– Едно попладне седев сама, размислував и му испратив порака на мојот поранешен сопруг, дека ако е расположен, ајде да оставиме сè настрана и да се договориме што е во интерес на Викторија, добив порака која беше позитивна – започнала Славица за „Блиц“, а потоа додала:

– По една година таканаречен пекол, на нашата прва средба мораше да има посредник, кога се сретнавме, го решивме целиот случај, кој една година го водевме на суд и со социјалната служба. Успеавме и сега нашите срца се полни. Товарот падна од сите нас.

Пејачката открила дека нејзиниот поранешен сопруг ѝ купил стан на нивната ќерка во Нови Сад.

– Викторија доби стан како подарок од нејзиниот татко. Во близина е нејзиното училиште, па решивме веднаш да се преселиме таму. Тој никогаш не бил лош татко. Кога двајца луѓе ќе закрвават, мора да се спушти топката, треба да се биде паметен. Мислам дека одиграв многу добро. Да е некој малер, ќе си го тераше своето, но еве еден убав почеток на летото и прекрасен период за нашето дете. Би им советувала на сите да го спуштат егото. Во овој случај, двајцата се покажавме како луѓе.

Во текот на спорот за старателството над нивната ќерка, Славица Ќуктераш го пријавувала својот поранешен сопруг поради наводните закани што ги добивала во тоа време.

 

 

Слични објави

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.
Се вчитува....