-4.2 C
Скопје
07:03 - 19 февруари, 2026

Ова е цената за ВИП маса за новогодишниот настап на Александра Пријовиќ во Загреб

Српската пејачка Александра Пријовиќ откри дека исклучително се радува на повторното дружење со публиката во Загреб, градот во којшто го урна рекордот на Арената со шест распродадени концерти.

Александра Пријовиќ, по успешните концерти во Арена Загреб, се враќа во хрватската метропола и најавува настап за Старата година.

По успешната регионална турнеја „Од Исток до Запад“, која ги одбележа 2023 и 2024 година и ги урни сите рекорди на посетеност, Александра подготвува незаборавно музичко доживување на 31 декември, кое ќе биде малку поинакво бидејќи, како што најавиле организаторите, Александра ќе пее на дневната забава во Павилјон 5 на Загрепскиот саем на 31 декември 2025 година, точно во 14:00 часот. Кога билетите биле пуштени во продажба, веднаш дошло до застој и до отежнато купување поради големиот интерес на публиката.

Влезниците се достапни преку системот upad.hr, а распонот на цените е следниов: влезница за Фан Пит е 30 евра по лице, а една ВИП маса изнесува 700 евра, а тука можат да седнат максимум осум лица, што би значело дека е 87,50 евра по лице. Александра Пријовиќ откри дека со нетрпение очекува повторно да се сретне со публиката во Загреб, градот каде што го урна рекордот на Арената со шест распродадени концерти.

„Пред неколку години ја имав мојата прва дневна забава и тогаш ми беше толку добро. Тоа е сосема поинакво искуство. Бев пресреќна кога договоривме и во Загреб ваков концерт, тоа навистина ми е големо задоволство. Сигурна сум дека ќе биде одлично“, изјавила таа преку „Екстра ФМ“.

Големото враќање на Александра следеше по рекордно распродадената турнеја „Од Исток до Запад“, во текот на која одржа дури 20 концерти во Хрватска во 2023 и 2024 година, а вкупно повеќе од 60 низ целиот регион и светот.

„Подготвувам нов албум, работев во студио дури и додека бев бремена. Ништо ново не е објавено долго време, а следната година ќе навршат три години од последниот албум, време е. Размислувам и за нова турнеја, но полека, никаде не брзам. Најважно ми е да го завршам албумот и да ги снимам спотовите“, открила Пријовиќ.

 

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....