14.8 C
Скопје
23:08 - 11 октомври, 2026

Откриено е колку вреди богатството на Саша Поповиќ: Има јахта, автомобили, луксузни вили, милиони!

Саша Поповиќ денес е еден од најмоќните и најбогатите луѓе во светот на шоу-бизнисот.

Како креативен директор на „Гранд“ заработил милиони, а неговото богатство се проценува на огромна цифра, пренесуваат локалните медиуми.

Имено, Поповиќ поседува јахта која е закотвена на хрватското приморје, но и луксузен имот во Опатија чија цена е речиси половина милион евра.

Освен тоа, неговиот возен парк е полн со скапи возила на четири тркала, кои чинат и до 180.000 евра, колку што е цената на неговото BMW I8, како и Ферари од 200.000 евра.

Според информациите, Поповиќ сака да собира и рачни часовници, а за само еден наводно платил 50.000 евра.

Неговиот дом на Бежанијска коса важи за еден од најскапите во Белград, а во него живее со сопругата Сузана.

Почнал да инвестира и во недвижен имот, па заедно со своите партнери почнале да градат комплекс станови на Бежанијска коса.

Саша, како и неговата сопруга Сузана, не сакаат да се фалат со своето богатство. Пејачката во една прилика изјави дека поради приказните за нивното богатство, тие биле ограбени, поради што сѐ уште е истрауматизирана.

– Приказните за нашето богатство отсекогаш ни биле проблем. Поради бројките кои протекоа во јавноста, бевме ограбени пред неколку години, а јас сѐ уште сум трауматизирана од тој настан. Никогаш не го нагласувавме луксузот и не сакавме да се фалиме. Водиме сосема нормален живот и сè што сме направиле сме го направиле со сопствен труд. Опасно е да зборуваш за богатство и милиони кога имаш деца – изјавила пејачката.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ предизвика реакции во Србија поради песна од Томпсон, дел од јавноста бара бојкот на концертите

К.С.

„Немам време за себе“ – реченицата со која полека се ставаме на последно место

Еспресо

Нова диплома за Марија Панчева: Ќерката на Маја и Дарко го заврши и вториот факултет

Еспресо

Сузана Манчиќ го продаде станот и откри зошто нејзиниот сопруг спие во хотел: „Кога го виде тоа, донесе одлука“

Еспресо

(Видео) Андрија Милошевиќ ги стопи срцата на сите со видео од дома: Неговиот син го снима и се смее на глас

Еспресо

Чолиќ го испратил возачот пред зградата на српската пејачка! Она што ѝ го дал ќе го памети до крајот на животот

Еспресо
Се вчитува....