04:29 - 8 ноември, 2026

Откажана операцијата на Ѓани! Пејачот трпи неподносливи болки, а еве кога ќе оди под нож

Операцијата на раката на Радиша Трајковиќ Ѓани, која ја повреди на скијање во Италија во понеделникот, ќе биде извршена следната среда во Љубљана.

Иако пејачкот денеска планирал да отпатува за Словенија за детално да се подготви за сериозна интервенција, патувањето ненадејно било одложено за седум дена. Оваа информација ја потврдил за српските медиуми и менаџерот на пејачот, Горан Лечиќ Лека.

– Операцијата сепак е следната среда. Потоа Ѓани оди во Љубања. Потребно е да се намали отокот, а лекарите процениле дека е подобро да се почека уште седум дена. Експертите процениле дека периодот на опоравување по оваа интервенција е околу два месеци. Принудени сме да ги откажеме сите претходно закажани настапи, од кои некои веќе ги заменивме со нови термини. Во наредниот период ќе видиме како се чувствува и дали ќе може да работи со гипс на раката. Ние веќе сме имале слично искуство. На летен одмор пред една година Ѓани го повреди рамото и еден месец беше без работа. За среќа, операција не беше потребна како сега, но тој не се појави еден месец“, вели Лека.

Менаџерот откри зошто пејачкот решил интервенцијата да ја има во Љубљана, а не во Србија.

– Знаете дека Ѓани има пријатели низ целиот свет. Само што доби препорака за најдобри експерти од блиски луѓе кои живеат во Љубљана. Сакаа да му помогнат и тој се согласи на тоа – објасни Лечиќ за Курир.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....