14.8 C
Скопје
13:19 - 22 ноември, 2024

Оскари 2022, ЛАЈЗА МИНЕЛИ во инвалидска количка, ЛЕЈДИ ГАГА ѝ се поклони: „Сакам да работам со легенди“

76-годишната пејачка и актерка ја најави најочекуваната награда на вечерта – за „Најдобар филм“. Публиката стана на нозе да ѝ изрази почит со овации.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Две ѕвезди кои имаат успех и во светот на музиката и во кинематографијата се сретнаа на бината на Оскарите. Две различни генерации. Меѓу незаборавните моменти на Оскарите во 2022 година ќе остане истовременото присуство на Лајза Минели и Лејди Гага на сцената на театарот Долби во Лос Анџелес. Двете пејачки и актерки се повикани да ја доделат најпрестижната и најочекуваната награда за „Најдобар филм“.

Минели пристигна во инвалидски колички, видно уморна. Во тој момент целиот театар стана да ѝ ги даде заслужените овации, а Лејди Гага гордо стоеше до неа.

76-годишната ѕвезда се соочи тешкотија да ги прочита петмината номинирани за Оскар. Така, поп-ѕвездата ѝ помогна, шепнувајќи ѝ на уво: „Тука сум, ќе ти помогнам“. Во тој момент, Минели одговари: „Знам, благодарам“.

Непосредно пред тоа, самата Лејди Гага ѝ оддаде почит на Минели велејќи пред публиката: „Знаете колку сакам да работам со легенди. Чест ми е да ја најавам последната награда на вечерта со вистинска легенда на шоу-бизнисот“. Пејачката потсети дека во 2022 година, Лајза Минели слави 50 години од „Кабаре“, филмот што ѝ овозможи да го добие Оскарот за најдобра актерка на само 27 години. По читањето на номинациите од Лејди Гага, на ред дојде Минели да го објави името на победничкиот филм (CODA).

Последните 25 години беа вистинска мака за Лајза Минели. Во 1997 година таа беше подложена на операција на гласните жици за отстранување на полипи, но три години подоцна таа победи редок случај на вирусен енцефалитис, за кој лекарите рекоа дека повеќе нема да може да зборува и да оди. Потоа во 2003 година била принудена да направи уште две операции за вметнување на протези на колкот и коленото, додека во 2007 година, по фрактурата на коската на вилицата, повторно морала да се оперира. Во 2013 и следната година таа сепак завршила под нож откако ги скршила зглобовите и повредила два пршлени. Со многу несигурно здравје, но со железен дух, Лајза Минели успеа да присуствува на најважната вечер на светот на забавата.

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ го покажа своето „вистинско лице“: Пејачката објави слика без грам шминка!

Еспресо

(Фото) Џина Џиновиќ лудуваше на концерт на Јелена Карлеуша: Не ѝ е грижа што пејачката го понижи татко ѝ!

Еспресо

(Фото) Нема да ја препознаете: Беше проблематична тинејџерска ѕвезда, а сега е дама со префинет стил!

Еспресо

(Фото) Кај Брена гостите до зори го славеле Свети Архангел! Снаата Александра Пријовиќ ги кренала гостите на нозе

Еспресо

Хороскоп за 22 ноември: Овните ќе ги гризе љубомора, Скорпиите ќе бидат под притисок поради финансиите

Еспресо

Поранешна помошничка на Лепа Брена откри каква е пејачката приватно: Eдна работа никогаш нема да ѝ ја заборави

Еспресо
Се вчитува....