14.8 C
Скопје
08:44 - 29 април, 2024

РАЗГОВОР со Давид Дејвис: „Ми требаа две години да го научам македонскиот јазик, а кога пристигнавме тука децата веднаш рекоа – Ајде да јадеме плескавица!“  

Давид Дејвис како дебитант во тренерските води се појави во Скопје во 2014 година благодарение на Раул Гонзалез и беше негов асистент четири години. Дејвис одново се врати во нашата престолнина но сега како главен диригент седна на вардаровата клупа.

Задоволен сум со постигнувањата на екипата, со резултатите, ме прифатија многу добро од првиот ден, фото приватна ахрива

За враќањето во Скопје, за македонската храна, за македонското вино, за тоа како го научи македонскиот јазик, секако и за плановите на тимот ни открива стратегот на РК „Вардар“.

– Не беше тешко да ја прифатам поканата повторно да дојдам во Скопје. Тука бев 4 години со моето семејство, со екипата и клубот. Има разлика во екипата тогаш и денес, во ситуацијата. Задоволен сум со постигнувањата на екипата, со резултатите, ме прифатија многу добро од првиот ден. Сите работат, сите ја сакаат победата, имаат желба да направат нешто со екипата.

Шпанецот вели дека враќањето во Скопје за него и неговото семејство е враќање во клуб, град и држава од кои има само убави спомени.

– Мојата фамилија знае дека нашиот живот е таков, денес сум тука, за следната сезона не знам каде. Кога им кажав дека можеби ќе се враќаме во Скопје, се израдуваа. Мојата сопруга го познава градот, не знае многу македонски, но го разбира. Имаме пријатели надвор од ракометот, ние бевме многу среќни тука првиот пат кога дојдовме – вели Давид.

Дејвис памети дека првиот пат кога дошол во Македонија со авион го здогледал знакот на кирилица на аеродромот и си помислил ,, Каде дојдов јас?”

Мојата фамилија знае дека нашиот живот е таков, денес сум тука, за следната сезона не знам каде, фото приватна архива

– Знам дека му се јавив на Кире Лазаров и барав да ми најде професор по македонски јазик уште во Шпанија. Учев можеби две години, прво со Веле, па после со Верица, ги паметам професорите, но на почетокот ми беше тешко, кирилицата, буквите ж, ц. Но со постојана комуникација научив.

Со сопругата имаат две деца, а неговиот син, изненадувачки или не, не тргнува по стапките на својот татко.

– Тој тренира кошарка, има 14 години, но уште како мал почна со кошарката. Го сака и ракометот, но јас велам, не е важно кој спорт ќе го одбере, битно да е спорт и да тренира.

Во зависност од обврските на теренот со екипата, Дејвис го прилагодува своето време.

– Утрото станувам во 6 најдоцна во 7 часот, правиме наутро еден тренинг, појадок и читам вести. Живееме блиску до училиштето па децата си одат сами, мојата сопруга сака многу да чита, па така започнува денот кај нас – обајснува.

Мекедонското вино е многу добро, и белото и црвеното.Фото – приватна архива

Во својот „втор дом“ како што го нарекува Скопје, Дејвис секогаш наоѓа време за своите пријатели, но и за оние кои сакаат само да го поздрават и да се сликаат со него.

-Во Скопје има нешто убаво, луѓето го сакаат РК Вардар, доаѓаат луѓе не само да се сликаат со мене, туку тие се горди навивачи на овој клуб.

За македонската храна и вино Шпанецот вели:

– Блиска не е македонската храна со шпанската, само различен е начионот на подготовка. Јадеме повеќе риба, но месото, плескавицата, салатата…мхмх…кога пристигнавме тука децата веднаш рекоа – Ајде да јадеме плескавица!  Ооо и вино, виното е многу добро, и белото и црвеното.

 

Слични објави

Стиснете заби до празниците: Судбината болно ќе ги погоди овие два хороскопски знаци

еспресо

Мелина тврди дека не ја слушала музиката на Харис Џиновиќ, тој ѝ одбруси: „Гледаше во мене како во споменик!“

еспресо

(Фото) Драгана во прегратки на млад маж: Кога срцето ќе застане…

еспресо

(Фото) Лазар Ристовски угол гол во осмата деценија: Секси најава на новата серија

еспресо

(Видео) Милица Тодоровиќ брутално навредувана поради физичкиот изглед: Пејачката се здебели над 20 килограми!

Еспресо

(Видео+фото) Какво изненадување! Сопругата и децата го пресретнаа Никола Роквиќ додека пешачи кон Грција

Еспресо
Се вчитува....