14.8 C
Скопје
09:49 - 3 мај, 2024

Колку милиони заработи принцот Хари од продажбата на книгата: Еве ја вртоглавата математика!

Најновите информации велат дека за 24 часа продадени се над 400 илјади примероци само во Велика Британија.

Огромниот интерес на читателите за мемоарите на британскиот принц Хари го принуди парискиот издавач „Фајард“ да отпечати дополнителни 130.000 примероци само два дена откако книгата се појави на полиците во вторникот, зашто речиси сè е однпаред продадено.

– Дополнителни 130.000 примероци следуваат по првиот тираж од 210.000 примероци, рече портпаролот на „Фајард“.

Тој додаде дека во зависност од побарувачката, која е огромна, ќе се испечатат и уште, нови примероци.

Интересот за книгата „Spare“ (Резерва), која се продава во Франција под наслов „Le Suppléant“, моментално е за 20 отсто со повисока продажба од првото издание на мемоарите на поранешниот американски претседател Барак Обама, кое беше блокбастер кога беше објавено во 2020 година. .

Меѓународниот издавач „Penguin Random House“ пак, изјави претходно оваа недела дека мемоарите на Хари го собориле рекордот уште од првиот ден, продадени во повеќе од 1,4 милиони примероци во САД, Канада и Велика Британија.

Во Минхен, портпаролот на издавачот „Penguin Random House“ рече дека и тие, исто така, почнале да печатат дополнителни примероци на германски јазик поради големиот интерес само два дена од денот на објавувањето на книгата.

Најновите информации велат дека за 24 часа продадени се над 400 илјади примероци само во Велика Британија. Вистините на принцот Хари напишани во мемоарите насловени „Резерва“ заработуваат милиони: таа е најпродаваната не-фикција книга досега во Обединетото Кралство.

Лери Финлеј, директор на издавачката куќа Transworld, која е дел од групата Penguin Random House, издавач на книгата на Хари, и која го објави британското издание на книгата, коментира: „Колку што знаеме до сега, единствените книги што се продадени во најмногу копии на денот на објавувањето се оние со Хари Потер“.

Правејќи математика, земете предвид дека еден примерок низ светот варира помеѓу 25 евра (во Еверопа) и 22 долари за американското издание. Во Велика Британија книгата се продава и на Амазон за 14 фунти, но и како книга со тврд повез (која чини повеќе). Официјалната малопродажна цена, сепак, е двојна, 28 фунти. Според тоа, приходите се проценуваат, само во Обединетото Кралство, меѓу 6 и 12 милиони фунти само во еден ден.

Во книгата војводата од Сасекс прецизира дека од продажбата ќе плати сума на некои британски добротворни организации: 1,5 милиони.

Слични објави

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо
Се вчитува....