5.8 C
Скопје
08:38 - 10 март, 2026

Од Москва санкции за сопругата и ќерката на Бајден

Семејството Бајден ја поддржува „русофобната линија“. Ова е причината што го поттикна Кремљ да ги санкционира Џил, Ноеми и Џо Бајден членовите на американското претседателско семејство.

Москва ја подигнува границата на и онака тешкиот дијалог за мировните преговори со воведување санкции за забрана за влез на руска територија на сопругата и ќерката на американскиот претседател и на 23 други лица. Ова го соопшти Министерството за надворешни работи, цитирано од агенцијата Тасс.

Можеби ова е прв руски одговор на она што се дефинираше на самитот на Г7 во Елмау во Германија каде што лидерите зборуваа за поддршка на Украина.

Седумте европски лидери го кааа своето ветување „со сите напори да дадат поддршка и помош на Украинците“ да го задржат територијалниот интегритет и суверенитет „со останување цврсто на координираните и без преседан санкции како одговор на руската агресија.“ Ние сме посветени на зголемување на притисокот врз режимот на Претседателот Путин и неговите соучесници во Белорусија“, се вели во последното соопштение кое доаѓа од Г7. Попладнево тие ќе се преселат во Шпанија, во Мадрид, каде што треба да започне самитот на НАТО, на кој ќе присуствува и Бајден.

Санкциите против семејството на американскиот претседател секако не се добар знак, и потврдуваат дека тензиите на фронтот на дипломатскиот дијалог не покажуваат знаци на намалување. Голема  грижа останува прашањето за снабдувањето со суровини како што е рускиот гас.

Слични објави

Хороскоп за 10 март: Биковите ги очекува успех во работата, Вагите ќе се впуштат во авантура

apostolova

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova
Се вчитува....