18:42 - 31 јануари, 2026

ОД КУЈНАТА НА ТЕА: Ќофтиња полнети со моцарела, обвиткани со кромид и сланина, превкусни се!

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

Денес нашата драга Теа ни подготви ќофтиња полнети со моцарела, обвиткани со кромид и сланина.

фото – приватна архива
– Покрај тоа што се многу вкусни, тие се и декоративни. Кога ги печам секогаш практикувам да ги завиткам во алуминиумска фолија, бидејќи така ја задржуваат сочноста, а хартијата за печење со која го обложувам тавчето ми помага да не го рибам тавчето после печење – вели Теа.

Потребни состојки:

▪️400 гр. мелено месо
▪️3 главици кромид
▪️150 гр. сланина
▪️100 гр. моцарела
▪️3 лажици лебни трошки
▪️1 јајце
▪️мешан сув зачин
▪️буковец
▪️сол и бибер
▪️масло
фото – приватна архива

Начин на подготовка:

Кромидот исчистете го, пресечете ги на пола и од секој одвојте ги првите два слоја. Останатите исецкајте ги ситно.
Во длабок сад измешајте ги меленото месо, јајцето, лебните трошки, зачините и исецканиот кромид. Убаво измешајте со рака и од оваа смеса формирајте 6 топчиња. Во средината на топчињата ставете моцарела и обвиткајте ги со кромид и парчиња сланина. Замотајте ги во алуминиумска фолија и наредете ги во тавче за печење обложено со мрсна хартија за печење.
Печете ги во загреана рерна на 250 степени 20 минути, а потоа извадете ги од фолијата и печете ги уште 10 минути за да се запечат.
На здравје и уживајте!

Слични објави

(Фото) Северина во злато од глава до пети: Пејачката објави досега невидена фотографија од 2022 година

Еспресо

„Само никогаш немој да ми забраниш да го гледам моето дете“: Гоца Тржан проговори за расправиите со Раша

E.A.

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova
Се вчитува....