15:01 - 5 декември, 2025

Од интернат до самиот врв на Холивуд: Џеки Чен наполни 66 години!

Речиси и да не  постои генерација која не се сеќава на легендарните филмови во кои актерот, режисер и продуцент од Хонг Конг, Џеки Чен, ги покажуваше своите завидни акробатски вештини.

Чен е истиот во сите филмови што ги снимал. Во неговите остварувања, овој мајстор за боречки вештини е секогаш енергичен и се бори со акробатски стил.

Џеки, кој денес го слави својот 66-ти роденден, од мал е опкружен со акробатски вештини. Неговиот татко бил готвач, а неговата мајка слугинка во американската амбасада во Австралија.

Чен не можел да биде со нив во Канбера, па затоа на десет години останал во интернат во Цим Ша Цуи. Таму научил сè што е потребно за улогите што подоцна ги остварува. Тој совлада тркалање, паѓање и други акробатски вештини кои му донесоа светска слава.

View this post on Instagram

Happy to be at Sundance

A post shared by Jackie Chan 成龍 (@jackiechan) on

– Правевме секакви работи, но обуката честопати беше многу заморна, понекогаш траеше од пет наутро до полноќ – изјави Џеки во една прилика.

Тој стана човек кој преживеал безброј гребнатини и модринки, неколку потреси на мозокот и еден куп скршеници. Славниот актер го скршил носот три пати, а заработил и повреди на вилицата, вратот, ребрата, рацете, колената, черепот, глуждот, прстите…

 

Во своите филмови, освен акробации, Џеки прави и други неверојатни работи – одење по топли јаглени, јадење чили пиперки, пиење индустриски алкохол и други необични нешта.

Тој постојано се потсмева дека е „вистинско опасно момче“ поради тоа што сè во филмовите работи сам, а не како на пример Арнолд Шварценегер (72) или Силвестер Сталоне (73), кои постојано користат каскадери.

Џеки Чен во 2016 година освои Оскар по 56-годишна кариера и 200 снимени филмови. Но, тоа не беше за некоја поединечна улога, туку доби почесен Оскар за огромен придонес во филмската уметност.

Слични објави

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо
Се вчитува....