15:14 - 4 ноември, 2026

Обвинети напаѓачите кои фрлија бомба врз куќата на Здравко Чолиќ: Двајца се соочуваат со затвор, третиот е ослободен од притвор

Вишото јавно обвинителство во Белград поднесе обвинение против двајца обвинети поради сомнение за бомбашки напад врз куќата на познатиот пејач Здравко Чолиќ на Дедиње.

Против третиот осомничен, Марко А., кој беше уапсен неколку дена по бомбашкиот напад врз куќата на Здравко Чолиќ на Дедиње, постапката е прекината и тој вчера е пуштен на слобода.

„Одлуката што ја донесе обвинителството во врска со мојот клиент беше сосема очекувана за мене. Од првиот ден тврдам дека е невин и дека неосновано му беше одреден притвор“, потврдила за српски „Курир“ адвокатката Славка Бабиќ, која го застапувала Марко А. во текот на истрагата.

Да потсетиме, бомба на куќата на Здравко Чолиќ беше фрлена во раните утрински часови на 3 февруари, а само еден ден по нападот, во ефикасна акција на полицијата и Вишото јавно обвинителство во Белград, напаѓачите беа уапсени.

Вишото јавно обвинителство во Белград по апсењето на тројцата осомничени објави дека покренало истрага против Сенад М. и Перица С. поради сомнение дека фрлиле бомба врз куќата на Чолиќ, како и против Марко А. кој им помогнал во тоа, така што им ставил на располаѓање експлозивни направи.

„Со наредбата за истрага, Сенад М. и Перица С. се товарат за две кривични дела недозволено производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи во соизвршителство“, соопшти Вишото јавно обвинителство во Белград, кое ја води истрагата.

Како што беше наведено тогаш, се сомнева дека тие патувале до Дедиње со такси, а потоа со скутер стигнале до оградата преку која осомничениот Перица С. активирал и фрлил рачна граната во дворот на семејната куќа, додека Сенад М. внимавал никој да не помине и снимал сè со мобилен телефон. Рачната граната експлодирала, по што осомничените избегале од местото на настанот со трицикл.

Познатиот пејач Здравко Чолиќ беше сослушан во март во Вишото јавно обвинителство во Белград како сведок во постапката и не се придружи на кривичното гонење на осомничените, а за време на сослушувањето изјави, според неофицијални информации, дека не знае кој стои зад нападот бидејќи „никому ништо не должи и нема конфликти“.

Познатиот пејач, исто така, изјавл дека бил во Загреб во времето на бомбашкиот напад и дека не бил дома, но дека се смирил кога дознал дека неговата ќерка и сопруга се добро и дека никој не е повреден.

Според неофицијални информации, тој исто така рекол дека куќата не претрпела поголема штета.

 

Слични објави

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.
Се вчитува....