5.8 C
Скопје
08:19 - 17 март, 2026

Новото момче на Јована Јеремиќ е милионер! Тигар има хотел во Црна Гора, а ќе отвори и ресторан во Белград

Милош Стојановиќ Тигар, новото момче на српската водителка Јована Јеремиќ и професионален боксер, е успешен и кога станува збор за бизнисот.

Како што дознава српски „Телеграф“, тој е сопственик на луксузен хотел во Црна Гора, на крајбрежјето, но тоа не е сè – наскоро треба да отвори луксузен ресторан во Белград!

– Боксот е најплатениот спорт на планетата. Својот хотел го изградив во Црна Гора благодарение на успесите во боксот. Кај нас е помалку платено, но може да се успее. Резултатот е важен, мора да се боксува за светската титула и да се биде добар на АТП листата. Парите се одличен мотиватор во секој работа, зарем не? – рекол Милош во една пригода.

Неговиот татко е познатиот Миодраг Стојановиќ Гидра, кој бил убиен во 2001 година.

Гидра бил „кралот на белградскиот асфалт“, светски рекордер во стомачни и склекови – направил 29.449 стомачни за 24 часа, како и 50 склекови на стомак за 10 секунди.

И тој живеел со својот татко во Америка некое време, каде што се запознал со некои од најголемите холивудски фаци. Тогаш играл тенис.

– Морам да признаам дека големи надежи полагаа во мене. Во тоа време почнуваше и Јелена Јанковиќ. Заедно трениравме во истата академија. Таа успеа, јас не, судбината сакаше така. Ги запознав и сестрите Вилијамс, на тие терени ги гледавме тогашните прваци. Ние јуниорите пресреќни – не знаевме каде се наоѓаме бидејќи ги гледаме. Ана Курникова исто така… Запознав многу луѓе од светот на тенисот кога бев помлад. Се сеќавам и на мојот успех – го победив Џон Изнер, кој во тоа време беше во топ 10 – се пофалил Милош.

– Многу холивудски фаци поминаа низ мојот дом бидејќи се дружеа со мојот татко. Тој беше близок со Шварценегер, Дејвид Луна, Владе Дивац, кој во тоа време беше во Америка. Лејкерси го ангажираа да ги спрема извесно време, таму беше и Ник Ван Ексел – рекол Стојановиќ.

 

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....