00:55 - 4 ноември, 2026

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Клиника „Жан Митрев“ ја одбележа светската недела на доењето

„Мајчиното млеко е златен стандард во исхраната на новороденчињата. Не постои мајчино млеко со лош квалитет“, истакна д-р Димитриоска

По повод Светската недела на доењето, тим од Клиничката болница „Жан Митрев“ учествуваше на стручно предавање на тема „Доење: Едукација и поддршка на родителите“, организирано од Доење со љубов и Бебелогија, со цел да се подигне свесноста за важноста на доењето и да се истакне улогата на здравствените работници во поддршката на секое семејство.

Фото: Промо

Д-р Рената Димитриоска, специјалист по педијатрија и супспецијалист по неонатологија, која одржа предавање пред многубројните сегашни и идни мајки, истакна дека според препораките на Светската здравствена организација, доењето треба да започне уште во првиот час по раѓањето, да биде ексклузивно во првите шест месеци од животот, а по воведувањето цврста храна, да продолжи до две години и подолго. Секој дополнителен месец доење носи дополнителни здравствени придобивки.

„Мајчиното млеко е златен стандард во исхраната на новороденчињата. Тоа не е само храна, туку претставува биолошка комуникација помеѓу мајката и бебето, обезбедува идеална исхрана, ја зајакнува имунолошката заштита и овозможува најдобар можен почеток на животот. Научните докази покажуваат дека придобивките од доењето се долгорочни и се однесуваат и на здравјето на детето и на здравјето на мајката. Доењето е многу повеќе од начин на исхрана – тоа е најдобриот почеток што можеме да му го подариме на секое новороденче. Кога родителите добиваат навремена едукација, професионална поддршка и охрабрување, тие полесно ги надминуваат предизвиците и со поголема самодоверба го градат најважниот однос со своето бебе“ – изјави д-р Димитриоска.

Клиниката „Жан Митрев“ промовира, едуцира и ги поддржува родителите со соодветни насоки и активности за започнување на доење во родилиштето и со честите контролни прегледи стручниот тим дава насоки за одржување на доењето до две години според строгите препораки на Светската здравствена организација.

Фото: Промо

Во Клиничката болница „Жан Митрев“ остануваат посветени на создавање средина во која секоја мајка и секое семејство ќе добијат стручна, современа и индивидуализирана поддршка во најважните први денови од животот на нивното бебе.

Поддршката за доењето е поддршка за поздрави генерации.

За информации и закажување термин, јавете се на тел. 02 3091 484

Комерцијален текст.

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....