15:45 - 24 ноември, 2026

(Фото) Ана Севиќ со семејството е во близина на големиот пожар во Црна Гора: „Господе Боже, помогни“

Водителката Ана Севиќ моментално се наоѓа во Црна Гора, во близина на подрачјето зафатено од голем пожар.

Таа на својот профил на Инстаграм објавила фотографија од пожарот и покажала како изгледа огнената стихија што зафати дел од Херцег Нови.

Севиќ, според информациите, е на безбедно, а додека стоела на брегот, директно спроти неа се наоѓало подрачјето каде што пожарникарите се борат со огнот.

„Господе Боже, помогни“, напишала таа.

Пожарот избувнал на непристапен терен над Жагер во Херцег Нови и продолжува да гори. Поради пожарот, Бјела, Баошиќи, Ѓеновиќи и уште неколку населени места во Црна Гора останале без струја и вода.

Поради опасноста огнот да се приближи до станбени објекти, во тек е подготовка за евакуација на населението. Во помагањето на жителите се вклучила и полицијата, потврдила Службата за заштита и спасување.

Севиќ, која во Црна Гора престојува со своето семејство, ја споделила фотографијата во момент кога од другата страна на брегот се гледа огромниот пожар и чадот што се издига над подрачјето.

 

Слични објави

(Фото) Вељко ги испиша синовите од градинка, а сега покажа што прават во Тител – малечките до колена во кал

Еспресо

„Ме удри во главата, па ме давеше“: Потресно сведоштво на Николина Пишек за насилството во бракот со Видоје Ристовиќ

Т.Ц.

(Видео) Таско искрено за загубата на првото бебе: „Сфатив дека имам личност којашто стварно ќе биде бетон до мене“

К.С.

„Бев малолетна“: Наташа Беквалац откри на колку години го имала првиот интимен однос

Е.А.

(Фото) Маја Гроздановска-Панчева изгледа неверојатно на 53 години — пејачката се појави во елегантно издание на настап во Скопје

К.С.

Рецепт за француски колач со јаболка и ванила – неодоливо сочен десерт со мирис на есен

К.С.
Се вчитува....