13:34 - 7 ноември, 2026

(Фото) Нови музички таленти на првата вечер на Макфест: Ова се петтмината кои ќе ги гледаме и вечер

Вчеравечер, петок (21 октомври) се одржа првата вечер од 38-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2023“. Во домот на културата „Ацо Шопов“ настапија 13 помалку афирмирани македонски музички имиња, но доволно атрактивни со модерни песни кои оставија впечаток на прво слушање.

По неколку композиции во блок се претставија предвидените нови песни и изведувачи за вечерта, по што беше најавено дека петте кои ќе ја добијат довербата од гласовите на жирито и публиката во салата, ќе го надополнат списокот со учество и во втората фестивалска вечер, закажана за в сабота, односно денес (21 октомври).

Во најдобрата петорка се најдоа: Александра Трајческа, Blue, Драгана Јовановска, Јасмин Алиевски и Тијана Периќ.

Во ревијалниот дел пред крајот на вечерта настапија Силви Бенд и Лидија Кочовска кои со изборот на добро познати македонски евергрини ја распеаја публиката, а сигурно и гледачите пред ТВ еканите кои го следеа директниот пренос на МТВ.

Втората фестивалска вечер е резервирана за попознатите македонски музички имиња, меѓу кои и неколку од најголемите наши поп ѕвезди, кои годинава ќе настапуваат на „Макфест“.

На неа покрај 13-те проверените пејачи и групи, ќе ги видиме и споменатите избрани од првата фестивалска вечер, што значи на сцената ќе се појават вкупно 18 изведувачи.

Оваа вечер и годинава како и лани има ревијален карактер, што значи нема да има гласање и да се доделуваат награди за прво, второ, трето… место, зашто заложбите на организаторот и уметничкиот на фестивалот се новата концепција на „Макфест“ да донесе што повеќе хитови и песни што ќе останат, без да ги оптоварува изведувачите со трка по награди.

 

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....