20.8 C
Скопје
11:20 - 29 април, 2024

Николина Пишек се огласи зошто останала без динар: „Требаше да потпишам предбрачен договор“

Хрватската водителка Николина Пишек вели дека згрешила што не потпишала предбрачен договор кога се омажила за нејзиниот покоен сопруг Видоје Ристовиќ и дека ги советува жените да го прават тоа без пропуст.

По смртта на нејзиниот сопруг, кој минатата година во мај беше пронајден мртов во приватен стан, додека бил со извесна љубовница Д.Б, Пишек се соочува со бројни проблеми околу наследството.

– Мојот брак со Видоје не беше идеален, но кој брак е идеален? Имавме убави моменти заедно, но и малку потешки. Кога би можела да го вратам времето, повторно би се омажила со Видоје, но овој пат би побарал договор. Не само предбрачен, туку и некои други кои би требало да се почитуваат. Како сопруг, не можеш да ме ставаш во неизвесна положба утре ако нешто се случи. Кога ќе влезете во заедница, кога ќе одлучите да имате дете и кога ќе имате дете, тогаш треба да работите заедно во интерес на тоа дете. Работите треба да се стават на хартија. Затоа луѓето користат адвокати, затоа договори постојат – вели Пишек и додава дека дури сега нашла работа со која ќе може да го враќа кредитот што одамна бил подигнат:

– Го наследив тој кредит и сега уредно го враќам. Добро заработувам, па се трудам да ги извршувам сите обврски навреме. Се снајдов, а кога умре Видоје, немав динар. Некогаш одбивав работа бидејќи живеев во изобилство, а откако тој почина, трчав да работам билошто, само за да заработам пари. Денес се некако си дојде на свое место, но затоа велам жената секогаш треба да се осигурува пред брак.

Николина вели дека повеќе не се плаши од нападите на таткото на Видоје, поточно нејзиниот поранешен свекор, Миша Гроф, кој редовно зборува дека таа е подготвена на се, само за да го добие богатството што го има неговиот покоен син, а и дека верува во судството.

– Имав отворени напади од Миша Гроф, но не попуштив. Отпрвин се повлеков, а потоа побарав заштита преку законот. Сега верувам во судството и не се мешам премногу во тоа што го кажува во јавноста. Вистината секогаш излегува на виделина, па затоа не се потресувам – тврди водителката.

Српските медиуми се обиделе да стапат во контакт со Миша Гроф, но тој не се јавил на телефон.

Николина вели дека додека бил жив Видоје никогаш не се посомневала дека ја изневерува затоа што и таа му била верна.

– Повеќе или помалку се што се пишуваше за неверството на Видоје е вистина. Тоа ме изненади. Бев верна и не претпоставував дека тој е неверен. Според извештајот од обдукцијата, во приватен стан било присутно женско лице. Го заборавив нејзиното име, онаа што призна дека е во некаква врска со него. Се разбира, непотребно е да се разговара за тоа сега, но еве. Доцна сфатив дека можеби некој што го сакам води двоен живот. Кој знае зошто мораше да биде така – се присети Пишек.

Слични објави

Уапсен Жерар Депардје! Ќе биде сослушан за наводите за сексуален напад врз две жени

еспресо

Тања Савиќ тајно се омажила со пилотот Муки: „Мојот сопруг е навистина прекрасен…“

еспресо

Велики понеделник: Што не треба да се прави на првиот ден од Страсната недела

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 29 април: Скорпиите да внимаваат на парите, Овенот да започне врска

еспресо

Стиснете заби до празниците: Судбината болно ќе ги погоди овие два хороскопски знаци

еспресо

Мелина тврди дека не ја слушала музиката на Харис Џиновиќ, тој ѝ одбруси: „Гледаше во мене како во споменик!“

еспресо
Се вчитува....