4.8 C
Скопје
05:04 - 28 април, 2024

Конфузни извештаи ја опкружуваат најавата за смртта на Лил Теј: Дали навистина починала?

Во изјавата споделена на нејзината Инстаграм страница не е објавена причината за смртта.

BNO News објави дека редакцијата добила имеил од поранешниот менаџер на Лил Теј, Хари Цанг, во која тој изјавил дека не може да ја потврди смртта на Лил Теј.

Претходно, во средата, семејството на 14-годишната раперка објави дека таа и нејзиниот брат Џејсон (21) починале без да наведат каква било причина за смртта.

Во објавата, родителите тврдеа дека нејзината смрт била ненадејна и дека „исходот бил сосема неочекуван и не остави сите во шок“. Тие рекоа и дека се истражува нивната смрт.

Лил Теј, чие вистинско име е Клер Хоуп, е контроверзна инфлуенсерка на социјалните мрежи која почнала да се прославува кога имала само 9 години откако се појавила во видеа каде што се пофалила со екстравагантниот начин на живот.

Новинската куќа сподели принтскрин од имеилот на Цанг.

Во него, поранешниот менаџер на раперката наведува дека бил во контакт со луѓе блиски до семејството и дека „не може дефинитивно да ја потврди или отфрли легитимноста“ на изјавата објавена на Инстаграм профилот на Лил Теј во која се објавува смртта на неа и на нејзиниот брат Џејсон Тијан.

Цанг продолжува дека е „императив да се даде приоритет на точноста на информацијата и на емпатијата“, додека бара од сите да се потпираат само на „реномирани и официјални извори на информации“.

Луѓето на социјалните мрежи почнаа да се сомневаат во веродостојноста на објавата за смртта на нејзиниот официјален Инстаграм профил.

Извештаите, исто така, наведуваат дека полицијата и во Лос Анџелес и во Ванкувер (од каде што е семејството) нема никакви сознанија за смртта на братот и сестрата и дека не е спроведена никаква истрага во врска со нив.

За да се додаде уште поголема мистерија во случајот, непроверен профил на Инстаграм објави порака во која се тврди дека доаѓа од братот на Лил Теј.

Во пораката тие велат дека биле изложени на малтретирање од страна на нивните родители кои сакале да се „изгаснат од интернет“ и дека ширеле дезинформации за нивната смрт.

 

 

 

Слични објави

(Фото) Никола Роквиќ собори личен рекорд! Пејачот откри колку километри поминал денеска на пат за Грција, бројката е фасцинантна

Еспресо

(Видео) Ана Николиќ пак ја шокираше јавноста, ги рашири нозете: „Сосема пукна женава“

еспресо

Таткото положи цвеќе, вдовицата ја нема! Миша Гроф ја одбележа годишнината од смртта на синот, Николина Пишек не била информирана

Еспресо

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо
Се вчитува....