23.7 C
Скопје
23:27 - 15 јули, 2026

Ник Кириос „лошото момче на тенисот“, освен со скандалите, вниманието го привлекува и со неговата љубовна приказна

Австралискиот тенисер Ник Кириос деновиве е тема број еден со оглед на тоа што се пласираше во полуфиналето на Вимблдон. Ник го нарекуваат и „лошото момче на тенисот“, но освен со скандали, ова 27-годишно момче вниманието го привлекува и со својата љубовна приказна.

Од трибините за него навива студентката, девојката во која Ник е вљубен веќе пет години, а се вика Костин Хаци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Costeen (@costeenhatzi)

Костин е страствена обожавателка на Ник. Освен за време на тениските натпревари, таа своето момче го придружува и на тренинзите. Неговата игра ја доживува многу емотивно и секогаш кога има прилика го бакнува и го гали по главата.

По осминафиналето, Ник отворено проговори за тоа колку му значи поддршката на неговата избранчка.

„Имам неверојатен тим кој ме поддржува. Мојот физиотерапевт е еден од моите најдобри пријатели. Мојот најдобар пријател е мојот агент. Ја имам најдобрата девојка на светот. Имам толку многу луѓе околу мене и сите ми даваат поддршка“, рече Кириос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Costeen (@costeenhatzi)

Кириос призна дека знаел да губи многу време на телефон читајќи коментари за неговиот настап по големите натпревари, но додаде и дека покрај убавата Костин научил и да се „исклучува“.

„Кога ќе постигнете резултат, лесно е да се врзете за технологијата и да ги прочитате мислите на сите за натпреварот. Но сега се чувствувам како да можам да се исклучам од тоа. Тоа е голем дел од мојот раст. Очигледно е дека помага фактот што сум опседнат со мојата девојка, во состојба сум да се опуштам, да уживам во вечерта и да го одвојам тенисот од животот“, објасни тој.

Кириос има малку разнишана репутација со оглед на тоа што поранешната партнерка го обвини за злоставување. Манекенката Кјара Пасати проговори за насилството кое го доживеала за време на врската со тенисерот. Сега го чека судењето на почетокот на август, а обвиненијата предвидуваат максимална казна од две години затвор.

Сепак, и покрај тоа, Костин Хаци цврсто стои покрај него.

22-годишната студентка по психологија се забавува со Киргиос, кој е 5 години постар од неа, од декември 2021 година, а врската очигледно брзо напредува со оглед на тоа што парот веќе живее заедно. Се шпекулира дека славниот тенисер наскоро ќе ја запроси госпоѓицата Хаци.

Слични објави

(Фото) Калтрина Круезиу уживаше во Трпејца – со синот веслаа на суп-даска и ги сподели магичните зајдисонца

apostolova

Сите зборуваат за свадбата на Јелена Розга и Иван, се зборува дека ќе има 500 гости: Еве дали ќе го земе презимето Хуљиќ

Еспресо

Мила Арсовска ја откри животната битка: „На две години ме прегази воз, никој не знаеше низ што поминав“

Еспресо

(Фото+видео) Чипка и прорез што ги нагласи нејзините долги нозе – Џејла Рамовиќ се појави во фустан во боја на вино

Еспресо

„Најтешкото снимање ми беше на филмот Исправи се, Делфина“: Сеќавање на Неда Арнериќ, глумицата што ја овековечи легендарната Атина Бојаџи

Т.Ц.

(Фото) Редок семеен момент — Маријана и Росана го прославија 89. роденден на нивниот татко

Еспресо
Се вчитува....