23.2 C
Скопје
23:36 - 15 јули, 2026

Можните сценарија по оставката на Борис Џонсон, ќе седне ли жена во фотелјата?

Меѓу кандидатите за сукцесија на чело на Конзервативната партија, се новоименуваниот министер за финансии Надим Захави, министерката за надворешни работи Лиз Трас и Саџид Џавид, до пред неколку дена министер за здравство. 

Министерот за инвестиции на Обединетото Кралство, Гери Гримстоун, исто така заминува од функцијата: тој му пишал на премиерот Борис Џонсон да ја објави својата оставка од функцијата во Министерството за меѓународна трговија, информира репортер на Скај њуз преку твитер.

Борис Џонсон автоматски ќе ја напушти функцијата премиер откако ќе се избере негов наследник. Тоа пак, се очекува најдоцна да се случи до октомври. На овој начин, според англиските медиуми, ќе се избегне институционалната криза. Сепак, процесот што го избра Даунинг стрит, по последните скандали и налетот оставки од тимот на премиерот, предвидува итна оставка од раководството на партијата.

Ториевците ќе го бираат наследникот на премиерската фотелја со обична процедура: процедура која обезбедува собирање на номинациите и потоа гласање од страна на конзервативните пратеници кои треба да се одлучат за кандидат од листата. Овој процес е предвиден да трае до почетокот на октомври, односно до годишната конференција (конгрес) на партијата. Според некои членови на партијата пак, овој процес е неодржлив, а особено поради ситуацијата што околу педесет членови на извршната власт поднесоа оставки од околу 150 високи и помалку високи позиции, и дека замената на оние кои дадоа евќе оставка – или делумно враќањето назад на фунција- нема да биде лесно.

Оттука добар дел од пратениците и членовите на партијата инсистираат на алтернативната идеја за позабрзан  процес за смена на Џонсон, кој треба да вклучува и негова замена во Даунинг стрит како вршител на должноста премиер. Притисоците доаѓаат од сите страни, Џонсон пак, не сака да поднесе оставака а никој не може легално да го принуди да поднесе оставка како премиер како победник на политичките избори на крајот на 2019 година.

Новоименуваниот министер за финансии Надим Захави, министерката за надворешни работи Лиз Трас, државниот обвинител на нејзиното височество, Суела Браверман, министерката за внатрешни работи Прити Пател и Саџид Џавид се меѓу кандидатите за преземање на функцијата на Џонсон.

Да се потсетиме, Захави, кој беше министер за здравтсво и клучен играч за вакцинација против Ковид, остро го бранеше Џонсон за скандалот „партигејт“, но потоа и тој го повика премиерот да отстапи до функцијата.

Брејверман, која беше силен поддржувач на Брегзит, неодамна на телевизија ја објави својата намера да се кандидира за лидерство на ториевците. Другиот ториевец кој најави дека ќе се трка за лидерство е Стив Бејкер, но сепак, признавајќи дека ќе биде тешко да се победи. Друго важно име е она на Доминик Рааб, вицепремиер, поранешен министер за надворешни работи, поранешен министер за Брегзит.

Засега, сепак, се чини дека е исклучено третото сценарио, кое е сосема легитимно: можноста Џонсон, и покрај револтот во партијата, да игра на картата да го распушти собранието и да свика предвремено национално гласање.

Слични објави

(Фото) Калтрина Круезиу уживаше во Трпејца – со синот веслаа на суп-даска и ги сподели магичните зајдисонца

apostolova

Сите зборуваат за свадбата на Јелена Розга и Иван, се зборува дека ќе има 500 гости: Еве дали ќе го земе презимето Хуљиќ

Еспресо

Мила Арсовска ја откри животната битка: „На две години ме прегази воз, никој не знаеше низ што поминав“

Еспресо

(Фото+видео) Чипка и прорез што ги нагласи нејзините долги нозе – Џејла Рамовиќ се појави во фустан во боја на вино

Еспресо

„Најтешкото снимање ми беше на филмот Исправи се, Делфина“: Сеќавање на Неда Арнериќ, глумицата што ја овековечи легендарната Атина Бојаџи

Т.Ц.

(Фото) Редок семеен момент — Маријана и Росана го прославија 89. роденден на нивниот татко

Еспресо
Се вчитува....