11.8 C
Скопје
23:25 - 29 октомври, 2026

Јапонски медиуми: „Шинзо Абе е мртов“, поранешниот премиер беше застрелан утрово во напад на митинг

Атентат со истрели во грбот. Уапсен е поранешен војник на јапонската морнарица. Премиерот Кишида: „Причините (за убиството) сè уште се нејасни“.

Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе почина откако беше застрелан за време на изборен настан. Јавниот сервис NHK и новинската агенција Џиџи објавија.

„Според висок функционер на ЛДП (Либерално-демократската партија), поранешниот премиер Абе починал во болница во градот Кашихара, во регионот Нара, каде што добивал медицинска помош“, објави НХК.

„Две повреди предизвикаа две различни крварења, се обидовме да ги запреме, но ситуацијата беше многу критична“, објасни за националната телевизија шефот на итната помош во Нара, каде што беше пренесен веднаш по нападот.

Нападот се случил околу 11:30 часот (4:30 часот во Македонија) во градот Нара, во централно-западна Јапонија, каде што поранешниот премиер требало да поддржи кандидат на мнозинската Либерално-демократска партија на парламентарни избори.

На Абе од огнено оружје му било пукано од позади и одблиску, а тој падна веднаш на земја раскрвавен и онесвестен. Веднаш бил префрлен во болница, но за жал, подглегнал на фаталните повреди.

 

Слични објави

Зошто толку нè вознемирува кога некој не ни одговара на порака? Психологијата го објаснува стравот што се крие зад чекањето

К.С.

Емина Јаховиќ со необични совети за детоксикација: „Ако немате сауна, влезете во автомобилот и вклучете го греењето на најсилно“

Еспресо

Уна Чолиќ доби подарок од 7.000 евра од дечкото – го прослави својот 25-ти роденден во Виена

Еспресо

Дара Бубамара подготвува полнолетство на синот, а најави и свадба и желба за уште едно дете

Еспресо

(Фото) Бресквица го покажа новиот дечко – ужива со него во авантурите во Дубаи

Еспресо

(Фото) Македонската блогерка Јована Трајковска стана мајка — на свет пристигна малиот Матиас

К.С.
Се вчитува....