7.8 C
Скопје
19:35 - 30 март, 2026

Неделна анализа на времето од Попоски: Добредојдовте пролетни температури до 18 степени

– Во текот на оваа седмица следува период на ПОТОПЛО време со релативно ПРОЛЕТНИ температури на воздухот кој насекаде ќе се искачуваат над 10 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи до околу 18 степени.

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен и д југозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет а ќе има и повремен слаб локален дожд, особено во западните и во југозападните предели.

ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи ќе има во петок и истите ќе ги има во поголем дел од Македонија. Снег ќе има само на највисоките планини.

Во Скопје  и околината следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец а особено во петок ќе има повремени врнежи од дожд. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 13 и 16 степени.

Оваа седмица наутро и тоа особено во Малешевијата и на планинските и повисоки места температурите ќе се спуштаат за некој степен под нулата – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

Слични објави

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.
Се вчитува....