8.8 C
Скопје
08:36 - 2 април, 2026

Не сакаше да се тргне од сопругот кој е болен од коронавирус, па сега стигнаа лошите вести!

Британскиот актер Идрис Елба (47) минатата недела на социјалните мрежи призна дека е позитивен на коронавирус.

Неговата сопруга Сабрина Довре (29) не сакала да се самоизолира и да се раздели од сопругот.

– Сакам да бидам со него. Тоа е инстинкт на жена. Сакаш да бидеш тука и да се грижиш – порачала Сабрина.

Меѓутоа, неколку дена по оваа нејзина изјава и таа е сега позитивна на коронавирусот.

– Открив дека сум позитивна на коронавирусот – рекла во новата серија за коронавирусот на водителката Опра Винфри (66).

Сега заедно со сопругот се во карантин во Мексико, каде Идрис го снимаше последниот филм.

– Не чувствувам ништо од тоа што луѓето ги очекуваат како симптоми на коронавирус, што е навистина чудно. Тоа би можело да се промени во наредните недели, за се ќе известиме – рекла Сабрина.

Дека нема симптоми рекол и Елба откако дознал дека е позитивен на вирусот.

– Немав симптоми, се тестирав бидејќи бев во контакт со некој кој дозна дека е заразен. Штом дознав дека е заразен, веднаш се повлеков во самоизолација и ги направив тестовите. Тоа е сериозно. Сега е добро да се одалечите од луѓето, да ги миете рацете… изјавил познатиот актер.

– Постојат луѓе кои се заразени, а немаат никакви симптоми. Затоа сега е време да бидете многу внимателни – изјавил во видеоснимката.

Слични објави

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.
Се вчитува....