11.8 C
Скопје
15:36 - 30 март, 2026

Не им е жал: Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ „искрешираа“ 80.000 евра за три дена!

Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ издадоа дуетска песна наречена „Демони“, а како што пренесуваат српските медиуми за снимањето на видеоспотот потрошиле мало богатство.

Имено, видеоспотот на Марија и Јована чини 80.000 евра. На видеото работеа две екипи, а снимањето беше организирано според системот како да се снимаат две одделни видеа – двајца режисери, двајца директори на фотографија, сè двојно, објаснува извор за „Информер“, поради што сумата ја достигна оваа бројка.

Снимањето беше три дена на различни локации низ Белград, а ангажирани беа 50 статисти.

Песната беше прва во тренд за само неколку часа, а за помалку од 24 часа повеќе од милион луѓе ја видоа само на Јутјуб каналот. По огромниот успех, Марија и Јована објавија на својот Инстаграм.

– Пајкета и јас само сакаме да ви се јавиме и да ви се заблагодариме за сите пораки, ви благодариме што ја слушавте оваа песна – рече Марија, а потоа Јована продолжи: Не можам да се соберам, успеав малку да се наспијам од стресот, притисокот буквално ми се намали. Ви благодарам за сè, за секоја убава порака, за споделувањата, за критиките. Ви благодарам за фактот што ќе ја испееме на 7 мај во Сава Центарот. Сите заедно – рече Јована.

Слични објави

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо
Се вчитува....