13:21 - 8 ноември, 2026

(Фото) Сè е подготвено за прослава кај Дарко Лазиќ! Сопругата на пејачот покажа богата трпеза, еве што подготвила

Дарко Лазиќ денес го слави Ѓурѓовден, а неговата сопруга Катарина беше вредна и покажа што подготвила за празничната трпеза. Семејството на Дарко денес ќе ги пречека гостите во својот дом во Брестач, а подготовките за славата траеле со денови.

Мајката на Дарко, Бранка, е искусна домаќинка, но неговата сопруга, Катарина, која ги засука ракавите и се фати за работа, не е далеку зад неа.

На социјалните мрежии, Катарина се пофали со празничната погача, како и со бројните варијанти на мали колачи. Каќа била вредна до доцна во ноќта, па дури и успеала да ја постави масата за празникот. Откако ја завршила сета работа, таа објави фотографии на социјалните мрежи и им посака добра ноќ на своите следбеници. Исто така, сопругата на Лазиќ им го честиташе Ѓурѓовден на сите што слават денес.

„Нека им е среќна слава на сите што слават и нека ни дарува Бог здравје и љубов“, напиша Катарина покрај иконата на Свети Ѓорѓи.

Инаку, партнерот на мајката на Дарко, Драган Пауновиќ, ќе дојде кај Лазиќ да прослави.

– Не се мешам во подготовката, тоа е нивно семејство, но го почитувам и ценам сето тоа. Роден сум во Холандија, едвај ги разбирам сите празници, но знам дека Ѓурѓовден е голема слава. Го слават на големо, ќе има многу гости во Брестач. Дарко е добар домаќин и сите пофалби за него и неговото семејство – рекол Драган за српските медиуми и додал дека е забавно кога се собираат како семејство.

Слични објави

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо
Се вчитува....