0.8 C
Скопје
11:20 - 23 декември, 2024

Најтешките моменти на Ведрана Рудан која боледува од рак: Мајка алкохоличарка, татко злоставувач

ведрана рудан

Хрватската писателка Ведрана Рудан неодамна објави дека боледува од рак.

Имено, Ведрана на својот блог објави дека има рак, а своевремено во својата автобиографија зборуваше за животот и на нејзините родители.

– Мама со брза помош беше однесена во лудница. Повраќаше црн дроб, имаше триесет килограми, црна во лицето и уморна, никој од нас не веруваше дека ќе преживее и ќе престане да пие. Имаше ќерки кои не ја интересираа, посесивна, злобна мајка, сопруг алкохоличар кој не го сакаше, а можеше да има кариера. Зошто би престанала да пие? Имав дваесет години и толку се навикнав на мајка ми алкохоличар што веќе тоа не ми пречеше – пишува таа на почетокот на книгата.

Сепак, таа не се занимаваше со децата.

– Беше опседната со злото што ѝ беше нанесено, не го анализираше злото што ни го нанесе. Сигурна сум дека таа не нè сакаше…Мајка ми во гени ни го всади на мене и на сестра ми чувството дека сме безвредни. Сестра ми беше образована, зборуваше течно три јазици, читаше којзнае колку книги, патуваше и сакаше повеќе од се татко ни и мајка ни да ја препознаат нејзината вредност. Таа никогаш не го дочека тоа.

– Мајка ми ја искорна ќерка си од срце. Кога сестра ми се разболе, бев во паника. Мамо, мамо, сестра има рак на белите дробови. Молк. „Добро, само ти поради тоа не се вознемирувај. Тука ништо не може да се направи, сите ќе си заминеме еден ден“.

Никогаш не ѝ реков на мајка ми како се чувствува, дали е во болница или дома, пати ли силно или подносливо. Не ѝ беше гајле. Мама, почина. Воздишка. Ќе го исклучам телвизорот за никого да не чујам. Не отиде на погреб.

– На татко ми никогаш не му простив тоа што го правеше на мојата мајка, на мојата сестра и на мене. Не навредуваше, не тепаше, понижуваше на илјада начини. Мртов е и навистина се обидував да најдам во себе сила и да му простам. Барав за него олеснувачки околности. Необразуван маж од патријахална средина не може да биде поинаков. Не е вистина. Не се сите мажи злоставувачи. Наместо да му простам нему, си простив себеси што не му простувам. И се чувствувам добро. Некои злосторства не застаруваат…

Од што најмногу сега се плаши Ведрана Рудан?

– Стара сум, се плашам од умирање на рати. Имам намера да се убијам кога ќе слушнам дека имам неизлечива болест, но има толку тешки болести кои без подготовка те врзуваат за кревет. Децата нема да те убијат, ниту партнерот. Да, најмногу се плашам од лежење во кревет и беспомошно чекање на смрт – пишива во биографијата на Ведрана.

Инаку, Ведрана неодамна објави дека ќе престане да пишува и дека ќе се посвети на борбата со ракот.

„Во седумдесет и петта година сум, многу мои врсници немаат рак, здрави се, во полна форма, а јас, а јас…Дури и не верувам дека треба да се мисли добро, па се ќе биде добро, не се замарам со тоа.“, напиша таа во написот „Ракот и јас“ објавен на нејзиниот блог.

 

Слични објави

(Видео) Публиката ја исвирка Тијана Дапчевиќ: Пејачката го поздрави Ивица Дачиќ и наиде на критики!

Еспресо

Александра Пријовиќ го прекина последниот концерт: Свекрвата Зорица, во солзи, целосно скршена

Еспресо

(Фото) Ништо од венчавката вредна 600 милиони долари! Џеф Безос ја демантираше свадбата во Аспен, сè е лага! 

Еспресо

Хороскоп за 23 декември: Вагите ќе имаат љубовни проблеми, Скорпиите ќе бидат под тежок стрес

Еспресо

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо
Се вчитува....