13:10 - 7 ноември, 2026

МУЗИЧКИ ВРЕМЕПЛОВ: Погледнете кои настани ја одбележаа музиката низ историјата на денешен ден…

Денешниот ден низ историјата на музиката ни носи неколку интересни настани, како што е раѓањето на американскиот музичар Ри Кодер и објавувањето на феноменалниот албум „Destroyer“ на американската група „Kiss“.

Во продолжение прочитајте ги сите настани низ историјата кои ја одбележаа музиката на 15 март:

1934 година – Роден Ѓорѓе Кисиќ, тапанар на групата „Индекси“.

1947 година – Роден Ри Кодер, американски гитаист, пејач и композитор, на почетокот член на групата „Captain beefhearts magic band“, а подоцна многу повеќе познат по својата соло кариера и бројните соработки со познати музичари.

1971 година – Британската фолк рок група „Mungo Jerry“ го објави вториот албум „Electronically tested“, а го одбележаа два големи хита, кои ги напиша нивниот лидер, пејач и гитарист Реј Дорсет – „In the summertime“ и „Baby jump“.

1976 година – Американската рок група „Kiss“ го објави четвртиот албум „Destroyer“, со кој се случи голем пресврт, бидејќи тој донесе отстапка од нивниот звук од првите три албуми, а влезе во неколку листи за избор на едно од најдобрите рок остварувања во рокенрол историјата.

1989 година – по објавувањето на албумот „Чирибирибела“, бендот „Бијело дугме“ на 25.01.1989 година, тргна на промотивна турнеја, која требаше да трае до 1.04, и во рамките на која токму на денешен ден е одржан спектакуларен концерт во Дервента. Тогаш се случи нешто непланирано – по овој концерт пејачот Ален Исламовиќ отпатува во родниот град Бихаќ, со објаснување дека е болен, па турнејата беше прекината. По ова, Горан Бреговиќ отпатува во Париз, оставајќи го прашањето за ситуацијата со Ален „отворено“, а на крај се покажа дека токму ова ќе биде последниот концерт на „Бијело дугме“.

2007 година – Панк рок групата од Загреб „Хладно пиво“ го објави албумот „Кнјига жалбе“. Иако не носи класични хит песни, ова издание во некои избори е оценето како рок албум на годината во Хрватска, а најголемо внимание добија песните: „Није све тако сиво“, „Биолошки сат“ и „Џепни Бог“.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....