16:33 - 1 април, 2026

Моника Белучи јавно го критикуваше поранешниот сопруг: Се надевам дека конечно ќе започне да се грижи!

Познатата италијанската актерка Моника Белучи (55) која со години живее во Франција, во големото интервју призна што сѐ за време на карантинот мора да прави за своите две ќерки.

Во моментов таа се наоаѓа во самоизолација поради пандемијата на коронавирусот, а вели дека таа е единствената која се грижи за своите ќерки Девa (15) и Леони (9).

Сите обврски околу децата, како што тврди,  ги извршува сама, бидејќи нејзиниот поранешен сопруг, францускиот актер Венсан Касел (53), не е премногу заинтересиран за тоа.

Фото: Профимедиа

Една од најубавите актерки на сите времиња живее со своите две ќерки во прекрасна куќа на француското крајбрежје.

Белучи вели дека не може да оди на плажа, но дека слободното време го поминува во својата градина. Актерката истакна дека нејзиниот свет се врти околу дневните обврски со своите ќерките.

Нејзиниот поранешен сопруг сега е среќно оженет со француската манекенка Тина Кунаки (23), од која е 30 години постар.

Тој неодамна повторно стана татко и се пресели во куќа во близина на куќата на Моника.

– Се надевам дека Венсан конечно ќе започне да се грижи за сето ова – порача Моника во интервјуто, а тоа е нејзина прва забелешка, односно нејзина прва критика на поранешниот сопруг во јавноста по разводот.

Слични објави

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо
Се вчитува....