9.8 C
Скопје
18:29 - 9 март, 2026

МНР на Русија: „Го повикуваме Вашингтон да се воздржи од дејствија кои ја поткопуваат регионалната стабилност и меѓународната безбедност“

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси ја сметаат за провокација. Ова се наведува во соопштението од министерството.

„На 2 август Пелоси пристигна во Тајван. Нејзината посета ја сметаме за јасна провокација во духот на американската агресивна линија“ , се вели во соопштението, пренесува газета.ру.

Министерството нагласи дека ги смета односите меѓу Кина и Тајван „чисто внатрешна работа на Кина“, која, пак, има право да преземе мерки за заштита на својот суверенитет и територијален интегритет.

„Го повикуваме Вашингтон да се воздржи од дејствија кои ја поткопуваат регионалната стабилност и меѓународната безбедност и да ја препознае новата геополитичка реалност, во која веќе нема простор за американска хегемонија“, истакнаа од руското Министерство за надворешни работи.

Претходно, членот на Меѓународниот комитет на Советот на федерацијата, Сергеј Цеков, изрази уверување дека посетата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси на Тајван ќе предизвика ескалација на конфликтот меѓу Кина и САД, пренесува газета.ру.

Пред ова, координаторот за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека Вашингтон не гледа причина за развој на тензии со Кина во позадината на доаѓањето на Ненси Пелоси во Тајван.

Ненси Пелоси во посета на Тајван; Напнатоста меѓу САД и Кина вртоглаво расте: Пекинг најавува „целни воени операции“ како одговор на посетата

Слични објави

Младата ѕвезда од „Шербет од брусница“ е меѓу најпребаруваните актерки во 2026: „Да, мислам дека успеав“

Еспресо

(Фото) Познатата Србинка прво одбила, па се согласила да го напушти Дубаи: „Поради притисокот на луѓето во Србија…“

Еспресо

За здравствената состојба на Зорица Брунцлик се молчи, на Кемиш му пристигнала емотивна порака

Еспресо

Пукање пред вилата на Ријана во Беверли Хилс: Уапсена жена, пејачката била дома

Еспресо

Мите Стоилков стана татко! Поранешниот финалист на „Ѕвездите на Гранд“ доби ќерка, девојчето има уникатно име

Еспресо

(Фото) Ултра мини и деколте: Анета Љумаковска изненади од Охрид

msp-admin
Се вчитува....