23:00 - 1 ноември, 2026

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Врската помеѓу пејачката Мина Костиќ и Манет Ќурувија Каспер привлече големо внимание во јавноста, пред сè, затоа што започна на далечина додека тој беше во Америка, а подоцна и поради нивните заеднички изјави. Во меѓувреме, тие се свршија и објавија дека се венчаваат, но како што открија, двајцата наскоро раскинуваат.

Имено, Мина Костиќ и Мане Ќурувија Каспер открија дека тој наскоро ќе патува во Америка и дека нема да стане дел од реалното шоу како што се шпекулираше.

– Мане наскоро заминува, патува во Америка. За два дена нема да бидеме заедно, но секако ќе останеме во контакт – рекла Мина Костиќ со тажен глас додека се разделувала од својот сакан.

За време на престојот во Србија, двајцата се свршија во програма во живо, а јавноста со денови дебатираше за цената на прстенот што Каспер го купи за Мина.

Инаку, во јавноста беше обелоденета преписката помеѓу Каспер и неговиот пријател од 2024 година, во кој тој напишал дека „мора некако да стигне до Наташа Беквалац“ иако не ја познава лично.

Тој никогаш не бил во контакт со Наташа Беквалац, а преписката што се појавила е создадена пред 16 месеци.

– Брату мој. Решив да се оженам со Наташа Беквалац. Ја сакам таа жена половина од мојот живот. Јас морам да стигнам до неа. Морам – напишал тогаш Каспер.

 

Слични објави

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.
Се вчитува....