5.8 C
Скопје
13:54 - 21 февруари, 2026

„Мажите се кикиритки за мене“: Јелена Карлеуша сериозно го понижи Душко Тошиќ, па го спомена своето ново момче

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

Српската поп пејачка Јелена Карлеуш ја искоментира својата врска со кошаркарот Никола Јовановиќ, но и навредите од нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ, за кои, вели, не ги очекувала.

Јелена Карлеуша, која на настапот во Белград се појави со розова перика и во провокативна облека, истакнува дека е доволно силна личност за да им придава значење на мажите, како и дека поопширно ќе зборува за нив само кога некој од нив гордо ќе се појави покрај неа.

– На целиот Балкан му се, да не кажам што, од мојата љубовна приказна… Но, ајде да зборуваме за мажите кога еден ќе стои покрај мене. Засега, јас сум најинтересната тема – рекла Карлеуша на прашањето за новото момче, кошаркарот Никола Јовановиќ, па додала:

– Дојдов до фазата кога мажите можат да бидат како грицки, како кикиритки. Не мора тоа да биде постојан оброк што може да здодее.

На прашањето за навредите на нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ, пејачката кратко порачала:

– Не го очекував тоа. Но, секој што ќе изгуби многу, има право да се лути.

Таа се осврнала и на односот со пејачката Милица Павловиќ, која во списокот на гости за својот документарец го изоставила името на ЈК.

– Целото нејзино однесување ми е шокантно. Доживеав закани со смрт од нејзините соработници, а очекував барем да ме брани на женски и колегијален начин. Ѝ посакувам на Милица сè најдобро, но не разбирам зошто повеќе не го пее нашиот дует. Јас и понатаму го изведувам, не го исфрлив нејзиниот дел ниту нејзиниот глас.

На крајот, таа се осврнала  и на заминувањето на Марија Шерифовиќ од жирито на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, за кое верува дека претставува крај на телевизискиот формат.

– Кога бродот тоне, сите го напуштаат. Без некој кој даваше 300 отсто како мене, тоа беше ТВ-смрт. Со доаѓањето на Цеца, која е убиецот на ТВ-форматот, сè тргна наопаку. Таа не е ниту духовита ниту мангуп, туку здодевна. Ѓорѓе Давид нека ја поздрави својата колешка.

Слични објави

(Видео) Скандал на сцена! Десингерица донесе живо јагне среде настап, кутрото животно сакало да избега

Еспресо

Јована Јеремиќ забранета во Црна Гора, водителката веднаш се огласи

Еспресо

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо
Се вчитува....