02:48 - 18 јануари, 2025

Маск ја отстранува верификацијата од Твитер за овие познати личности поради 8 долари: Сега се обични „смртници“

Твитер профилите на Лејди Гага, Бијонсе и Ники Минаж се само дел од профилите кои сега личат на профили на обични смртници,

Некои од најпознатите личности на Твитер кои го загубија статусот на проверен (верификуван) профил се Џастин Бибер, Кети Пери, Кристијано Роналдо, Лејди Гага, Ким Кардашијан, Селена Гомез, Бил Гејтс, Џастин Тимберлејк, Шакира, Џенифер Лопез, Опра Винфри и Бијонсе.

Сега сината значка со ознака штиклирање на Твитер првенствено укажува дека тоа е профил што му припаѓа на некој што му плаќа на Илон Маск – еден од најбогатите луѓе во светот. За да има „сина значка“ која означува проверен профил, треба да се потрошат осум долари месечно.

Оваа „сина значка“ што се користи за да означи дека е проверен профилот на јавната личност служи и поради можност за избегнување на други, лажни профили кои беа креирани со имиња на познати личности. Така, фановите на јавните личносту, но и јавноста воопшто, благодарение на „сината значка“ знаат дали станува збор за вистинската јавна личност, или за лажен профил. Но, тоа сега се смени.

Потегот за отстранување на поранешниот систем за верификација на Твитер, кој е во сила од 2009 година, може да создаде нова конфузија меѓу корисниците и да ја поткопа довербата во платформата. Кога компанијата во сопственост на Маск повторно го лансираше својот таканаречен „Твитер Блу“, чија цена започнува од 8 долари месечно, донесе голем број измамници со „сини значки“ со автентичен изглед.

Ова всушност значеше дека секој со осум долари месечно може да биде проверен и да се претстави како некаква јавна личност – иако не е.

Како што објави Маск, на 20 април, Твитер почна да укинува илјадници „застарени“ проверени профили- оние за кои компанијата претходно сметаше дека се „активни, значајни и автентични“ – освен ако тие корисници не биле претплатници на таканаречениот „Твитер Блу“.

Некои од најпознатите личности на Твитер кои преку ноќ ја загубија верификацијата се Џастин Бибер, Кети Пери, Кристијано Роналдо, Лејди Гага, Ким Кардашијан, Селена Гомез, Бил Гејтс, Џастин Тимберлејк, Шакира, Џенифер Лопез, Опра Винфри и Бијонсе.

Сепак, неколку профили на јавни личности – вклучувајќи го профилот на Ријана, Тејлор Свифт, Бритни Спирс, Елен Деџенерис, Мајли Сајрус, Леброн Џејмс и Тим Кук – сè уште ја имаат сината значка. Во четвртокот попладне, текстот на тие профили беше променет и гласи: „Овој профил е потврден бидејќи тие се претплатени на Твитер Блу и го потврдија својот телефонски број“.

Претходно, откако Маск го презеде Твитер, за оние со верификација пишуваше – „Овој профил е потврден затоа што е претплатен на Twitter Blue или е проверена сметка за позната личност“.

 

Слични објави

(Фото) Сите на куп: Драгана Мирковиќ со децата и снаата ужива во луксузот на Дубаи

Еспресо

(Видео) Секогаш насмеана и згодна: Лила Филиповска се присети како изгледала низ времето

Еспресо

Јелена Карлеуша призна, повеќе не ги крие чувствата кон кошаркарот: „Многу ми се допаѓа…“

Еспресо

(Фото) „Сите сме наши, само…“: Јована Јеремиќ се возеше во метро во Америка, патниците непријатно ја гледаа

apostolova

Се огласи Миша Гроф откако Николина Пишек беше тужена од ќерката на Видоје од првиот брак: На сѐ што има право едното дете, право има и другото…

Еспресо

(Фото) Презгодна Сандра: Поранешната сопруга на Милан Калиниќ изгледа бомбастично во црн комбинезон

Еспресо
Се вчитува....