7.8 C
Скопје
20:53 - 30 март, 2026

МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ планира да стане мајка: Му смислила и име на детето

Instagram

Пејачката откри дека во блиска иднина би сакала да ја исполни улогата на мајка.

Пејачката Јована Николиќ Мишковиќ се приклучи на програмата на емисијата „Сценирање“ за да ѝ упати порака на својата блиска пријателка Марија Шерифовиќ.

„Ние двете си кажавме сè, па немам многу што да ти кажам, освен што сакам во блиска иднина да не ја распродаваш „Арена“, туку да менуваш пелени“, рече Јована.

На ова Марија искоментира:

„Колку е безобразна оваа Јована. Се шегувам… Ние двете сме многу, многу добри пријателки и поминавме многу во овој заеднички живот. Така да, убава, го земав тоа предвид.” рече Марија која претходно зборуваше за желбата да стане мајка.

Ова не е нова желба на Марија, таа уште пред неколку години изјавила дека би сакала да биде мајка.

„Генерално, се што има врска со дете е сериозна работа и за тоа нема шеги, тоа ќе ми се случи на многу плански начин, кога ќе бидам подготвена да ја потчинам суштината на мојот живот на Шерифовиќ помладиот. Знам како ќе се вика, но не можам да ви откријам“, вели Марија.

Таа откри дека може да се замисли себеси во венчаница и дека сака огромен бел фустан. Објасни дека бел фустан убаво ѝ прилега и дека веројатно тоа би била некоја гламурна Валентино венчаница.

Слични објави

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо
Се вчитува....