07:11 - 10 јануари, 2026

Марија Шерифовиќ (пак) во ДЕПРЕСИЈА: Овојпат причина за очајот е нејзиниот татко!

Марија Шерифовиќ е во депресија поради болеста на нејзиниот татко Рајко Шерифовиќ. Ова не е првпат пејачката да падне во депресија, тоа веќе ѝ се случи во 2016 година кога се обидела да стане мајка по пат на вештачко оплодување.

Но, овојпат причината е нејзиниот татко, хармоникашот Рајко Шерифовиќ, кој се соочува низ тешка здравствена состојба откако му бил ампутиран прстот. Марија Шерифовиќ го сместила татка си во Дом за стари лица, а тоа ѝ паднало многу тешко.

– Колку што е блиска Марија со мајка си Верица, толку многу го сака својот татко. Таа секогаш му помагаше за се. Дефинитивно најдобро ќе му биде во тој дом за стари лица. Марија проверила се, условите се добри, храната, медицинската нега, се е како што треба, но сепак тоа е дом. За малку ќе заплачеше кога дојде овде. Рајко е супер човек, но сака да се напие, а потоа веќе не е истиот човек – вели извор за Свет и открива дека на Марија сето тоа ѝ паднало тешко.

Инаку, Марија е позната по тоа што не сака да ѝ се гледаат емоциите, а болката ја покажува само на најблиските.

– Дури и падна во депресија. Се надевала дека ќе може да му помогне на својот татко, но прво тој самиот да посака помош, а очигледно не бил подготвен за тоа. Не секогаш се сложувала добро со нејзиниот татко, но ѝ е жал. Не може повеќе да живее сам болен, во домот е згрижен, но пати за својата куќа. И на Верица ѝ е жал, иако немаа баш најдобар живот, а потоа завршија на суд. Сè нешто се случуваше, но со текот на годините, многу се заборава, особено кога човек старее и се разболува. Таа не може да биде рамнодушна додека го гледа нејзиниот поранешен сопруг, со кого има дете, како страда, но заедно не можеле. Тој го избра својот пат и тоа е цената што ја плаќа сега“, додава изворот, а пренесува република.рс. 

ДЕТАЛИ ЗА СВАДБАТА на Бруклин Бекам и Никол: Еве кои ВИП гости ќе дојдат, што ќе носи невестата, каде ќе се слави…

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....