07:31 - 6 ноември, 2026

ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Илон Маск купи удел во Твитер, акциите веднаш скокнаа!

Дефинитивно изненадувачка операција. Според документот поднесен до Комисијата за хартии од вредност, извршниот директор на Tesla, Илон Маск, купил голем удел во Twitter.

Американскиот милијардер Илон Маск купи 9,2 отсто од акциите на социјалната платформа Твитер.

Маск самиот го откри ова во извештајот до Комисијата за хартии од вредност на САД (Sec), како што објави издавачот „Блумберг“.

Станува збор за „пасивна“ квота, која одговара на 73,5 милиони акции.

Веднаш по веста, вредноста на акцијата на Твитер скокна за 28 отсто во пред-пазарната сесија. Маск неодамна се пожали на формите на цензура на социјалните мрежи.

Инаку, на крајот на март, по судскиот спор предизвикан од еден од неговите твитови, Маск објави необичен пост на Твитер, во вид на анкета: „Дали е неопходна нова социјална платформа?“.

Коментарите беа бројни, некои го советуваат Маск да го купи Твитер и да ги промени правилата за употреба. Други го поттикнуваат да создаде нова платформа.

 

Слични објави

Виктор Живојиновиќ непрепознатлив – oбјави фотографија со Бренa кога имал повеќе од 100 килограми

Еспресо

(Фото) Српската манекенка која имаше 60 отсто изгореници на телото од страшната несреќа, сега го покажа лицето со модринки

Еспресо

(Фото) Убавата Србинка се омажи за милијадер од Блискиот Исток, па ја напушти Сремска Митровица: Аника го маѓепса Египет со проѕирниот фустан со кристали

К. А.

(Фото) Цеце Николова во впечатливо црно издание на свадба — Лоба ѝ порача дека е „вистински феникс“

К.С.

(Видео) Ќерката на Гоца Тржан го украде вниманието на концертот на мајка си: Лена воодушеви со модната комбинација

apostolova

(Фото) Стефан Лазаров ужива во татковството — нежни моменти со малиот Лука во новиот семеен дом

К.С.
Се вчитува....