14:54 - 30 јануари, 2026

Маргот Роби се пошегува за Мегзит, а Вилијам само нервозно се смееше (ВИДЕО)

Војводата и војвотката од Кембриџ нервозно се смееja на шегата на Маргот Роби за Мегзит за време на говорот кој го одржа на BAFTA наградите.

Кејт и Вилијам беа почесни гости на 73-то доделување на наградите за Британската филмска академија кое се одржа во Royal Albert Hall. Наградата за најдобар спореден актер ја освои Бред Пит за улогата во филмот „Once Upon A Time In Hollywood“.

Скарлет Јохансон после прогласувањето откри дека Пит не можел да дојде и наместо него наградата ќе ја подигне неговата колешка од филмот Маргот Роби. Додека ги отвораше листовите со говорот кој според нејзините зборови, го напишал Бред, Маргот се извини во негово име и рече дека отсуствува поради приватни обврски.

„Тој вели: Здраво Британијо, слушам дека штотуку стана слободна, добре дојде во клубот. Ти посакувам сè најубаво во преговорите за разводот бла бла бла “, започна Роби.

Откако им се заблагодари на Академијата, на Тарантино и на останатите, Маргот ја зема статуетката.

„Вели дека ќе ја нарече Хари, бидејќи е многу возбуден што ќе се врати во Америка. Негови зборови, не мои“, се пошегува, а камерите се префрлија на Кејт и Вилијам кои се смееја. Кејт фрли поглед кон Вилијам, а британската јавност претпоставува дека му било прилично непријатно.

Слични објави

Душица Јаковљевиќ потврди дека Мина и Каспер влегуваат во „Задруга 9 Елита“: Откри детали за нивната врска зад камерите

Еспресо

(Фото) Зорана доби луксузен автомобил од вереникот: Вака изгледаше изненадувањето во Мајами!

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството Гудељ: Балони, конфети и емотивна порака – „Избрав пат што никогаш не би го менувал!“

Еспресо

(Фото) Како грчка божица: Нина Бадриќ ги остави сите без здив во бел свилен фустан

Еспресо

Едита Арадиновиќ има здравствени тегоби во бременоста: „Сѐ ме снајде, само уште вода во колената немам“

Еспресо

(Фото) Безобразно позира: Ѓина Џиновиќ во тесен фустан со прорез ги истакна бујните атрибути

Еспресо
Се вчитува....