5.8 C
Скопје
06:04 - 19 октомври, 2026

Макрон избра жена за премиер, еве која е Елизабет Борн

По неколку недели чекање и различни претпоставки, претседателот на Франција Емануел Макрон ја назначи својата нова премиерка, Елизабет Борн.

Борн е првата жена премиер во Франција по Едит Кресон, која беше назначена пред 30 години од социјалистичкиот претседател Франсоа Митеран.

Министерката за труд во заминување (61) е високо ценета од претседателот на Франција, затоа што се смета за одличен познавач на клучните прашања во следните пет години – особено климатското прашање.

Политичката кариера на Борн започна во средината на 1980-тите во Министерството за инфраструктура. Во 1990-тите станала советник во Министерството за образование, а помеѓу 2008 и 2013 година работела со Бертранд Деланое (фрацуски политичар и градоначалник на Париз од 2001–2014) и подоцна со градоначалничката на Париз Ен Идалго, како генерален директор за урбанистичко планирање во општината Париз.

Малку подоцна го напуштила главниот град за да стане префект на регионот Поату-Шарант.

Во овој период, Борн воспоставила врски со поранешната претседателка на регионот, Сеголен Ројал, која, назначена во 2014 година за министерка за екологија во владата на Франсоа Оланд, ја избра за шеф на нејзиниот кабинет.

Во 2017 година, Борн стана министер за транспорт, по претседателската победа на Макрон. Во јули 2020 година, таа остана во владиниот тим, преземајќи ја улогата на министерка за труд.

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....