4.8 C
Скопје
07:07 - 19 октомври, 2026

(ФОТО) „Голата венчаница“ предизвика жестоки полемики: „Нешто треба да се зачува и за првата брачна ноќ!“

Таканаречените „голи фустани“ се во мода последниве години, а судејќи според модната недела во Барселона, овој тренд во блиска иднина нема да исчезне. Иако малку сексапил е секогаш добредојден, фустанот на брендот „Rue De Seine“ освен пофалби доби и критики.

Станува збор за фустан до подот, кој чини речиси 4.000 евра, а толку е проѕирен што под него дефинитивно мора да облечете нешто друго доколку планирате во него да одите до олтарот.

Откако фустанот беше објавен на Инстаграмот на модната куќа, многумина ги оставија своите критики без двоумење.

Некои се убедени дека фустанот всушност е креиран за првата брачна ноќ, а не за денот на венчавката.

„Горниот дел е преубав, но покажувањето на задникот за мене е преромантично“, се пошегува еден корисник на Инстаграм.

„Зачувајте нешто за спалната соба. Да имаше постава, ќе беше преубав, вака е само е евтин фустан за стриптизерки“, тврди друг.

Има и такви на кои фустанот им е совршен таков каков што е.

„Ова ми е најубав фустан досега“, напиша една корисничка, додека друга додаде: „Би се омажила само за да можам да го носам овој фустан“.

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Машките одела од „Капитол“ – елеганција со совршен крој

Еспресо

Мирна локација, модерен амбиент и поглед што одзема здив – Во Villa Diva секој важен момент станува незаборавен

Еспресо

Убавината на рачната изработка: украсни свеќи со цветни мотиви – уникатен подарок за секоја пригода

Еспресо

(Фото) Подгответе се навреме за поладните денови – во бутикот „Капитол“ во ГТЦ ве очекува новата машка есенска колекција

Еспресо

Моминска вечер што ќе се памети – Резервирајте термин во Villa Diva и прославете со стил

Еспресо
Се вчитува....