9.8 C
Скопје
18:51 - 30 март, 2026

МАЈЛИ САЈРУС ПРЕПЛАШЕНА: Гром го погодил авионот, принудно но среќно слетале

Пејачката летала со приватен авион кон јужноамериканскиот дел за нејзината светска турнеја Mileyworld, кога авионот одеднаш се нашол во магнетна бура. Благодарение на среќното слетување, таа, нејзиното семејство и нејзиниот бенд се добро. 

Пријателите и дел од семејството кои патувале со неа, сега се добро, но на видеото што Мајли го објави на нејзиниот Инстаграм профил се слушаат нивните исплашени гласови додека од отворите на авионот се гледа небото осветлено од молњи. .

Телото на авионот е оштетено, а на објавените снимки јасно се гледа крилото погодено од магнетната бура.

„До моите фанови и сите кои се загрижија откако слушнаа за мојот лет до Асунсион. Нашиот авион беше погоден од ненадејна силна бура, го погоди гром“, напиша Мајли Сајрус во описот на видеото, и додаде:

„Мојата екипа, мојот бенд, моите пријатели и семејството кои патуваа со мене се безбедни по итното слетување. За жал, не можевме да летаме за Парагвај “.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miley Cyrus (@mileycyrus)

И градот Асунсион, главниот град на Парагвај, бил исто така зафатен од огромно невреме. Така, поради временските услови бил откажан првиот ден од концертот, каде требало да настапи Мајли, но и Foo Fighters, Doja Cat и Machine Gun Kelly.

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.
Се вчитува....