6.8 C
Скопје
13:51 - 21 ноември, 2024

„Липо“ искуство на младата интелектуалка Сара Стефкова: Победив, дојдов до својата цел што ми го промени животот!

Сара денес има 49 килограми, односно 21 килограм помалку од нејзината телесна тежина во 2017 година. Поминала два „Липо“ третмани со шестмесечна пауза меѓу нив, ѝ се вратила самодовербата, и сега цврсто гази на патеката кон професионална реализација.

Пред точно шест години, во 2017-та, кога сите нејзини блиски се подготвувале за своите матурски вечери, да изгледаат убаво и задоволни од себе, Сара го доживеала, како што вели, својот најголем срам водејќи битка со телесната тежина, со чувство на немоќ да се справи со вишокот килограми.

– Во текот на летото се запознав со третманот на липосукциска исхрана и едноставно, можам да кажам, дека тоа ми го промени животот – ја започнува убавата Сара својата успешна „Липо“ приказна.

Беше ли тешко да се издржи? Што те мотивираше?

– Досега двапати сум го користела „Липо“ третманот. Првиот пат воопшто не почувствував никакви тешкотии, а вториот третман чувствував мали кризи за некои видови храна, но и за двата третмана имав голема поддршка од најблиските. Како човек сум доста упорна и кога ќе наумам нешто, тоа мора да биде така, а и мотивацијата да се ослободам од вишокот килограми беше голема.

Колкав период беше на овој тип исхрана, колку килограми успеа да намалиш?

– Како што нагласив, на „Липо“ третманот досега сум била двапати и во текот на двата третмана успеав да намалам по 10% од вкупната телесна тежина. Иако меѓу третманите имаше пауза од шест месеци, во тој период не отстапив од следењето на „Липо“ исхраната. И по шест години и новите навики во животот, имам 49 килограми или поточно минус 21 килограм од мојата телесна тежина во 2017 година.

Колку овој тип исхрана го подобри твоето здравје?

– Имам астма, а вишокот килограми ми правеше дополнителен проблем, чувство на поголем замор и повеќе напади во краток период. Имав и тешка повреда на коленото која, доколку не ги намалев килограмите, ќе ме однесеше на операција. Со самото намалување на килограмите почувствував големо подобрување како со астмата и намалените напади и чувство на повеќе енергија, така и во случајот со коленото зашто тежината што правеше тешкотии на држењето на коската, веќе ја нема.

Како изгледаше еден ден со „Липо“ третманот?

– Денот го почнував со една чаша топла вода со лимон, по еден час ја пиев првата ќесичка „Липо Алфа“ во комбинација со две таблети „Липо Бета“. На секои четири часа пиев по уште една ќесичка, значи вкупно три во текот на денот. Потоа следуваше вечера, во мојот случај тоа беше голема чинија зелена салата со печурки или риба, зашто не сум љубител на месо, па со д-р Валентина Крстеска најдовме соодветна замена за тоа.

Кому би ја препорачала липосукциската исхрана?

– Би ја препорачала секому, посебно на младите луѓе како мене, затоа што животот е пред нас и мораме да мислиме разумно дека вишокот килограми носи големи последици по здравјето, кои можат многу да нè чинат.

Закажете ја вашата бесплатна консултација во „Липо диет“ центарот на „Интернешнал хелт“ Македонија (на улица „Димитрие Чуповски“ бр. 22) или јавете се на телефоните 02 3151714 и 070 535033

Фото-Аверел

Комерцијален текст.

Слични објави

(Фото) Јелена и Тарик Филиповиќ воодушевени од Скопје: „Почувствуваме толку многу љубов и топлина“

Еспресо

(Фото) Виктор витка сарми, внук му асистира: Лепа Брена го слави Архангел Михаил, на гостите им спремаат богата трпеза!

Еспресо

(Видео) Версуис, малиот робот што оперира, претставен во „Жан Митрев“

Еспресо

Јелена Розга ужива во љубовта: „2024 година ми беше навистина одлична!“

Еспресо

(Фото) Солзи, неверување и тага на погребот на Лијам Пејн: Меѓу првите пристигнаа неговата девојка и поранешната партнерка со која има син

Еспресо

Хороскоп за 21 ноември: Близнаците ќе имаат одлична заработувачка

Еспресо
Се вчитува....