11.8 C
Скопје
15:48 - 30 март, 2026

Лицемерието на Академијата: Вил Смит може да го задржи Оскар и да биде номинар на Оксарите

вил смит

Многумина колеги на глумецот сметаат дека Академијата била премногу блага кон Смит, односно дека, е лицемерна – за едни е мајка, за други – маќеа!

Не стивнува контроверзноста околу одлуката донесена од Академијата на Оскарите против Вил Смит за ударот на Крис Рок за време на последната церемонија на доделување награди, на 28 март. По состанокот синоќа, Академијата за филмски уметности и науки (AMPAS) објави дека актерот кој стои зад нападот повеќе нема да учествува на доделувањето на наградите во следните 10 години.

Смит, конкретно, следната година требаше да ја додели една од најпрестижните награди, токму поради тоа што годинава му беше доделен Оскар како главен актер во филмот Кралот Ричард, во улогата на таткото на сестрите Вилијамс, тениски шампиони. Смит бурно реагираше кога колегата комичар се пошегува на сметка на избричената коса на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит, која боледува од алопеција.

Како резултат на неговиот насилен чин, изведен на сцената на настан следен низ целиот свет, додека насилството се заканува да не вовлече во нов светски конфликт, Академијата сепак одлучи да не му ја оземе наградата од Смит. Не само тоа. Академијата одлучи да не го спречи да заработува номинации, па дури и награди (Оскари) во наредните години!

Единствената санкција се однесува на неговото присуство, физичко или виртуелно, на доделувањето.

Слични објави

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо
Се вчитува....